Џиновски бран кој спречил романтичен предлог за брак

Џиновски бран кој спречил романтичен предлог за брак

Кога си го замислувал неговиот предлог за брак на неговата идна сопруга, Метју Хартман веројатно никогаш не го имал ова во план! Откако ѝ отпеал песна на неговата девојка Елизабет која сам ја напишал, стоејќи на карпа сред океанските бранови на плажата Лагуна во Јужна Калифорнија, тој клекнал на коленото и го извадил вереничкиот прстен. Нивните пријатели биле во близина за да го снимат и фотографираат убавиот момент и одненадеж, огромен бран удрил во карпите и ги кутнал идните младоженци во вода.Џиновски бран спречил романтичен предлог за бракФилмскиот романтичен момент се претворил во една неочекувана авантура, во која моќниот бран ги истуркал заљубените кон брегот, сосе прстенот. Но, брзо се оправиле од ситуацијата, никој не изгледа повреден, прстенот е спасен и најбитно од сѐ, таа рекла „да“.

Фотографот Џон Хванг бил најмен за да го документира запросувањето, кој одлично си ја завршил работата, успевајќи да го улови воодушевувачкото розово небо и лудиот удар на брановите во позадина на овој возбудлив настан, кој љубовниот пар и нивите пријатели сигурно нема никогаш да го заборават.Џиновски бран спречил романтичен предлог за бракЏиновски бран спречил романтичен предлог за бракЏиновски бран спречил романтичен предлог за бракЏиновски бран спречил романтичен предлог за бракЏиновски бран спречил романтичен предлог за бракЏиновски бран спречил романтичен предлог за бракЏиновски бран спречил романтичен предлог за бракЏиновски бран спречил романтичен предлог за бракЏиновски бран спречил романтичен предлог за брак


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

  1. hana Reply

    umrena rabota

Напиши одговор на hana Откажи одговор