Зошто после 30-тата година многу побрзо се дебелееме?

Познато ли ви е она чувство кога ќе ја поминете триесеттата и започнувате да се дебелеете околу струкот? Драги дами, за тоа не се криви ниту вашите години, а ниту вашата исхрана. Проблемот би требало да го решите на некое друго место.

1-zoshto-posle-triesettata-godina-mnogu-pobrzo-se-debeleeme-www.kafepauza.mk_

Сето она што сигурно ве прави незадоволни кога ќе се погледнете во огледалото е вашата тежина. Кога знаете дека некогаш сте имале рамен стомак, без масни наслаги и дека не сте се дебелееле во пределот на бутовите, тогаш се случува да се загрижите и да започнете да ја барате вината во надворешните ситници.

Неактивноста е вашиот најголем непријател!

Со текот на годините метаболизмот станува побавен, а после триесеттата година најчесто стануваме помрзливи, повеќе седиме заради работата и минимално се движиме.

Она што луѓето најчесто го нарекуваат метаболизам всушност се три различни фази на согорување на калориите во кои влегува нашето тело во зависност од она што го правиме. Кога јадеме согоруваме мал број калории, поточно одвај 10% од вкупно согорените калории во текот на денот и тоа е всушност првата фаза.

Во воведот во медицинската енциклопедија АДАМ на Националниот институт за здравје пишува:

„Зелениот чај и лутите пиперки нема да ви помогнат да ги отстраните вишокот килограми. Некои намирници можеби ќе успеат да предизвикаат мало забрзување на вашиот метаболизам, но тоа нема да биде доволно за да влијае на вашата тежина.“

2-zoshto-posle-triesettata-godina-mnogu-pobrzo-se-debeleeme-www.kafepauza.mk_

Значи, доколку сакате да го подобрите вашиот изглед, мора да почнете да се движите. Секако, движењето не подразбира само вежбање во теретана. Тоа нема во значителна мера да влијае врз метаболизмот, со оглед на тоа дека мускулите влијаат само од 20 до 25 проценти на целосниот метаболизам.

Обидувајте се секој ден барем половина час да поминете во пешачење, а во текот на студените денови тоа можете да го правите и до 20 минути. Важно е да бидете во движење и тоа е најдобриот тренинг за метаболизмот.

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар