Зимски модни совети за ладните денови кои ни претстојат

Зимата за разлика од летото е период кој за повеќето жени претставува проблем во одбирањето на гардеробата. Ова се неколку зимски совети кои ќе ви помогнат да изгледате интересно и стилски и што е најважно да ви биде комотно и топло.Зимски модни совети за ладните денови кои ни претстојат

Палто

Кога одбирате палто, секогаш треба да се водите по две основни правила. Прво тоа мора да ви топли, па за ладни зими како во нашата земја најпрепорачливо е да купите волнен капут. Второ, секогаш треба да гледате да е модерен и да одберете боја со која можете да ги искомбинирате повеќето парчиња облека и чевли што веќе ги имате.

Хеланки

Хеланките ги има во безброј бои и дезени, а се одличен додаток кој може да се искомбинира со секаков вид облека. Затоа, за стилски изглед во зимскиот период одберете повеќе видови дезени кои ќе можете да ги искомбинирате со еднобојни џемпери, пелерини или туники.Зимски модни совети за ладните денови кои ни претстојат

Чевли

Чевлите над зглоб и високите чизми се секогаш модерни во овој период од годината. Тие ќе ве топлат, а и одлично се комбинираат со фармерки, хулахопки, хеланки и здолништа.

Мантил и чадор

За врнежливите и снежните денови, секогаш треба да бидете спремни. За таа намена одличен додаток се мантилите и чадорите. Тие ќе ве штитат и вас и вашата зимска облека. Одберете некој интересен дизајн на чадор или купете некој модерен мантил.Зимски модни совети за ладните денови кои ни претстојат

Комбинирање и купување облека

Зимската облека е најгломазна, па затоа треба да внимавате кога купувате нови зимски парчиња. Покрај бојата и материјалот, треба да внимавате, тие да не ве прикажуваат во погрешно светло и лошо да го оцртуваат вашето тело. Како на пример, долгото палто може да ве прикаже дека имате покуси нозе.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар