11 штетни мисли од кои треба да се ослободите за да имате подобар живот

11 штетни мисли од кои треба да се ослободите за да имате подобар живот

Многумина од нас го живеат животот рутински, а тоа се однесува и на начинот на кој размислуваме. Бидејќи не обрнуваме внимание на начинот на кој функционира нашиот ум, тоа може да нѐ доведе до многу негативен начин на размислување. Честите негативни мисли можеби не изгледаат како да се голема работа, но може да остават сериозни последици ако не се отфрлат. Негативните мисли не создаваат квалитетен живот, затоа што сите наши избори почнуваат со нашите верувања и мисли. Тие го генерираат нашиот начин на однесување и нашите емоции. Ако сметате дека имате некои негативни мисли, обрнете внимание на следниве 11 кои можат да имаат штетно влијание на вашиот живот.

11 штетни мисли од кои треба да се ослободите за да имате подобар поглед кон светот

1. Верувате дека сте жртва

Ако сметате дека не сте доволно моќни за да го промените животот, тој ќе остане сосема ист и нема да можете да го подобрите. Доколку почнете да верувате дека можете самите да ја одредите насоката во која ќе се движите, ќе можете да го обликувате животот како што сакате и ќе станете посреќни и поуспешни.

2. Верувате дека не сте вредни

Ако сметате дека не сте вредни, нема да се почитувате себеси, ниту пак другите ќе ве почитуваат. Кога верувате дека не сте вредни, свикнати сте другите да се однесуваат со вас на лош начин. Кога сте свесни колку вредите, нормално и природно ви е да очекувате дека другите треба да ве третираат со почит и учтивост.

3. Ги гледате проблемите како пречка, а не како можност

Кога треба да се соочиме со некои проблеми на животниот пат, имаме избор дали ќе ги гледаме како пречки или како можности да учиме и да се развиваме. Тие ќе ни овозможат да станеме поиздржливи и поуспешни личности.

4. Верувате дека сѐ е постојано

Уште една негативна мисла е таа кога верувате во постојаноста на нештата, наместо да разберете дека светот постојано се менува. Кога нештата ги гледаме како статични, можеме да заглавиме во одредена ситуација и да не можеме да ја согледаме позитивната страна на тешките предизвици со кои треба да се соочиме.

5. Мислите дека никогаш нема да најдете љубов

Ако размислувате на овој начин, навистина никогаш нема да најдете љубов. Она што го мислиме се рефлектира на нашиот став и на нашиот израз на лицето. Доколку за време на првиот љубовен состанок постојано мислите дека тој или таа никогаш нема да ве сака, веројатно навистина ќе биде така. Тоа е едно од оние пророштва кои секогаш се исполнуваат. Размислете дали навистина се трудите ако уште веднаш мислите дека нема да биде како што треба.

6. Се плашите дека ќе се разболите

Луѓето постојано се опседнати со нивното здравје и се надеваат дека нема да се разболат. Овие мисли предизвикуваат стрес и со текот на времето навистина можат да го ослабат имунитетот. Не ви помага тоа што се грижите за вашето здравје, туку напротив ја прави ситуацијата уште полоша.

11 штетни мисли од кои треба да се ослободите за да имате подобар поглед кон светот

7. Верувате во апсолутност

Одбегнувајте термини како „секогаш“ или „никогаш“. Тоа размислување е изместено, бидејќи во реалноста не постои ниту секогаш, ниту никогаш. Важно е да ги препознаете овие невистинити изјави бидејќи тие можат да доведат до негативни последици.

8. Се плашите од доктори

Многу луѓе се плашат да одат на доктор затоа што не сакаат да се соочат со лоши вести или со мислата дека треба да подлегнат на медицински процедури, но тоа може да остави долготрајни последици на здравјето. Подобро е да добиете лоши вести за да може проблемот да се реши, отколку да дозволите нештата да се влошат.

9. Дозволувате минатото да ве дефинира

Животот не започнува на одредено ниво, туку сите ние растеме и се развиваме со текот на времето. Луѓето коишто доживеале траума или злоупотреба во детството често веруваат дека се предодредени да имаат ужасен живот кога ќе станат возрасни. Доколку верувате дека можете да го надминете лошото детство, ќе можете да почнете да го менувате животот.

10. Верувате дека не можете да направите нешто

Уште во детството нѐ учеле дека „не можам“ е лош збор, а тоа важи и за светот на возрасните. Можеби навистина нема да можете да направите нешто, но нема да знаете сѐ додека не пробате. Вербата во тоа дека можете можеби понекогаш ќе ве разочара, но исто така може и да ве одведе до успехот. Што се однесува до чувствата, разочарувањето е многу подобра опција од каењето.

11. Верувате дека животот е борба

Ако постојано си велиме себеси дека животот е тежок и мачен, така и ќе биде и постојано ќе се чувствувате лошо. Животот не е секогаш лесен, но важно е да го имате ставот „Јас можам“. Гледајте на животот како предизвик, а не како борба.

Овие промени во начинот на размислување нема да се случат преку ноќ, но колку повеќе работите на нив, толку побрзо ќе ви прејдат во навика.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар