Зимска инспирација од модната сцена: Весели бои, шарени комбинации

Зимска инспирација од модната сцена: Весели бои, шарени комбинации

Без разлика што за ваквото време карактеристична е темната палета на бои, на последните неколку модни недели дизајнерите успешно ги вметнаа и поживите нијанси во нивните зимски колекции. Пробајте ги ваквите модни комбинации за да создадете тренди и свеж изглед како од модните писти.

1. Вишна и портокалова

Портокаловата боја е задолжителна за есента, но успешно се транзиционира и во зимата. Црпете инспирација од брендовите како Акне кои акцентот во нивната колекција го ставија на портокаловата, но со многу необичен спој, како што е бојата на вишна.

1-zimska-inspiracija-od-modnata-scena-kafepauza.mk_ 2-zimska-inspiracija-od-modnata-scena-kafepauza.mk_

2. Сина и сива

Сината и сивата се елегантна комбинација од бои кои се одлични за на работното место. Иако морнарско и кралско сината се сигурни нијанси, дизајнерите како Метју Вилијамсон и Баленсијага целат кон посветли нијанси како небесно и кобалт сина.

3-zimska-inspiracija-od-modnata-scena-kafepauza.mk4-zimska-inspiracija-od-modnata-scena-kafepauza.mk_

3. Морнарско сина и црвена

Уште една моќна комбинација од бои е и морнарско сината со црвената. Џил Сандер и Карвен се само неколку од звучните дизајнерски имиња кои ги инкорпорираа ваквите бои во нивните колекции.

5-zimska-inspiracija-od-modnata-scena-kafepauza.mk6-zimska-inspiracija-od-modnata-scena-kafepauza.mk

4. Крем и розова

Пастелните нијанси се голем хит во летните месеци, но оваа сезона тие станаа уште помодерни. Додека повеќето дизајнери ги избираат потемните нијанси од спектарот, звучните имиња како Клои и Џил Сандер ги вметнаа пастелните нијанси во зимските ревии.

7-zimska-inspiracija-od-modnata-scena-kafepauza.mk_8-zimska-inspiracija-od-modnata-scena-kafepauza.mk_

5. Црна и бела

Класична комбинација совршена за секое годишно време. Ваквите комбинации беа забележени на ревиите на Александар Венг, Филип Лим и Проенза Шулер.

Processed with VSCOcam with f2 preset10-zimska-inspiracija-od-modnata-scena-kafepauza.mk_

6. Розова и жолта

Колекцијата на Дијан вон Фурстенбург е доказ дека оваа сезона во центарот на вниманието се веселите бои. Женственото дуо составено од розова и жолта дефинитивно ја разбиваат монотонијата на темните бои карактеристични за студеното време.

11-zimska-inspiracija-od-modnata-scena-kafepauza.mk12-zimska-inspiracija-od-modnata-scena-kafepauza.mk

7. Виолетова и црна

Емпорио Армани и Ердем се само неколку од брендовите кои го искористија ваквиот спој на бои. Овие имиња успешно ги споија безвременската црна боја и живата виолетова нијанса. Ваквата комбинација носи возбуда на вообичаениот конзервативен изглед.

13-zimska-inspiracija-od-modnata-scena-kafepauza.mk_14-zimska-inspiracija-od-modnata-scena-kafepauza.mk_

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Живее за добра книга и дише преку пишаниот збор. Кога би можела, цел живот би патувала, би читала и би гледала филмови. Вљубеник во фотографијата и класиката. Оптимист и поборник за љубов. Модата е нејзиниот начин да го изрази своето мислење и став. Животот за неа е уметност, филозофија и добра храна.

Поврзани содржини

Остави коментар