Заштитете се, почнува периодот на вирусите: 7 златни правила кои ќе ви го одбранат телото од настинка

Во текот на студените месеци нашиот имунитет слабее, односно стануваме поподложни на разни инфекции, најчесто на грлото и носот. Но, за навремено да ги избегнеме настинките, потребно е да реагираме што побрзо и да го разбудиме телото со сојузниците од природата, како и со задолжителното вежбање. На кој начин треба да делувате превентивно и на време да ја спречите настинката, прочитајте во продолжение.

1-zashtite-se-nastinkite-samo-shto-ne-pristignale-7-zlatni-pravila-koi-kje-go-odbranat-teloto-od-nastinka-www.kafepauza.mk_

1. Дополнително внесување пробиотици

Пробиотиците се живи микроорганизми кои, внесени во доволна количина, благотворно делуваат на организмот, ги подобруваат својствата на неговата автохтона дигестивна микрофлора. Наједноставно кажано, пробиотиците се добри бактерии. Добрите бактерии во цревата играат важна улога во јакнењето на имунолошкиот систем. Со други зборови, истражувањата покажале дека константното земање пробиотици помага во заштита против настинката. Личностите кои земале пробиотици имале за 27% помал ризик од развој на инфекции.

2. Дополнително земање цинк

Многумина како додаток во исхраната земаат цинк за што побрзо да ја победат настинката, но поголема улога на овој минерал е неговото превентивно користење додека настинката сѐ уште не се развила. Резултатите од бројни студии покажале дека земањето цинк како додаток во исхраната најмалку пет месеци во континуитет го намалува ризикот од настинка, а доколку се разболите, цинкот ќе ги олесни симптомите и ќе го скрати траењето на настинката.

2-zashtite-se-nastinkite-samo-shto-ne-pristignale-7-zlatni-pravila-koi-kje-go-odbranat-teloto-od-nastinka-www.kafepauza.mk_

3. Сад за миење на носот

Додека за хигиената на усната шуплина уште одамна зборувавме, кога станува збор за носот, мораме да признаеме дека доста заостануваме. Всушност, носниците се најголеми собирачи на бактерии и вируси, кои со несоодветната хигиена поттикнуваат бројни воспаленија во телото, а најчесто инфекција на душните патишта. Затоа е исклучително важно секојдневно да го миете носот. За таа намена постои посебен сад со долго грло во кое е потребно да ставите малку однапред подготвена течност. Потребно е да зовриете половина литар вода, да ја оладите и во неа да додадете една лажичка сол од продавниците за здрава храна. Добро измешајте ја смесата и мала количина, околу половина децилитар, ставете ја во садот и измијте ја едната, па потоа втората носница.

4. НЕ за шеќер, ДА за овошје

Шеќерот е еден од најголемите непријатели на имунитетот, напомнуваат нутриционистите. Доколку со секојдневната исхрана внесувате 199 грама шеќер (содржината на три лименки газиран сок) на белите крвни зрнца им треба и до пет часа повеќе за да ги победат бактериите. Јакнете го имунолошкиот систем и тоа со помош на изобилство од овошје и зеленчук и зачини кои во себе содржат природни облици на минерали, витамини и антиоксиданси., кои се најдобри за превенција во борбата со настинките кои ни доаѓаат. Изобилството од витамин Ц е неопходно во периодот кога има вируси, а можете да го пронајдете во портокалите и во сезонскиот зеленчук, како киселата зелка. Важно е од вашето мени целосно да ја исфрлите мрсната храна и да консумирате намирници кои содржат омега-3 масни киселини, односно оброци кои поминале минимална термичка обработка.

5. Зачини од кујната

Ѓумбирот е најдобриот природен сојузник во борбата со настинките, односно го поттикнува организмот да произведува дермицидин, заштитник од микроорганизмите. Освен тоа, ѓумбирот консумиран како чај го чисти грлото, додека како додаток во јадењето ја поттикнува циркулацијата и го грее телото.

Циметот има противвоспалителни и антибактериски својства, заради што е пожелно да го воведете во секојдневната исхрана. За превентива кај настинките се препорачува консумирање на 1/4 лажичка цимет помешан со 1 лажичка мед наутро.

Каранфилчето е уште еден пример за одличен зачин. Тоа ја чисти слузницата, помага при спречувањето на настинките и го поттикнува потењето на телото, содржи хранливи влака, фитостероли, калциум, железо, магнезиум, фосфор, бакар, витамини Ц, Е, К и Б6 и фолна киселина, заради што е важно да се користи како превенција против заболувањата.

6. Потење

Со потењето се ослободуваме од токсините и микроорганизмите, па затоа е препорачано вежбање во текот на зимските месеци и потребно е рекреацијата да ја надополните со жесток тренинг кои на телото ќе му овозможи дополнително потење. Идеална комбинација со рекреацијата е сауната, бидејќи високите температури го поттикнуваат растењето на ендорфините, природни телесни супстанци кои нè ослободуваат од болката. Топлината ја подобрува циркулација и го поттикнува создавањето на белите крвни зрнца.

7. Редовно вежбање и практикување јога пози кои го јакнат имунитетот

Вежбањето помага на повеќе нивоа кога е нашето здравје во прашање, а моменталното потење може да го спречи кивањето и настинката подоцна. Голем ефект за зацврстување на имунитетот има јогата, поточно положбата на телото позната како „асана“, која е поврзана со различни техники на дишење и медитација кои помагаат при намалување на хормонот на стрес кој го загрозува имунолошкиот систем. Јогата традиционално сите причини за лошиот имунитет ги пронаоѓа во лошото варење и работа на цревата кои се предизвикани од неправилната исхрана. Неправилното варење предизвикува собирање на токсините кои може да се манифестираат насекаде во телото. Јогата помага да ги зајакнете и стимулирате сите четири главни физиолошки системи кои се поврзани со имунолошкиот систем, нервниот систем и ендокриниот систем.

Една од основните јога пози која е составен дел од поздрав на Сонцето, а помага за јакнење на имунитетот е „адхо мукха шансана“, односно во превод – куче кое гледа надолу. Позата можете да ја практикувате еднаш дневно во вашиот дом:

4-adho mukha shanasana

  1. Клекнете на постилка и спуштете го колковите на петите, испружете ги рацете во ширина на рамената далеку пред себе.
  2. Лесно подигнете ги колената во воздух, обидувајќи се да го задржите грбот целосно исправен. Обидете се да ги спуштите петите на подот. Рацете се рамни, главата е релаксирана, рамената се широки и оддалечени од увото, стомакот е вовлечен и активни се бедрата.
  3. Дишете длабоко и лесно само на носот. Задржете се во позата 5 длабоки вдишувања. Повторете повеќе пати со лесни паузи и одмор.

Доколку сте во потрага по природен лек против настинката, тогаш ви предлагаме да го направите овој моќен лек кој ќе ве заштити од грип, настинка и воспаленија.

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар