Заљубени сте во шегаџија? Еве зошто никогаш не смеете да го пуштите да си оди!

Заљубени сте во шегаџија? Еве зошто никогаш не смеете да го пуштите да си оди!

Имате покрај себе личност што секогаш кажува шеги и во секое време успева да ве насмее до солзи? Уживате во времето што го минувате заедно и доволно е само неговото присуство за да се почувствувате посреќно? Ако е така, тогаш сте направиле одличен избор во љубовта! Иако шегаџиите често се сметаат за кловнови што не можат да бидат сериозно сфатени, вистината е дека тие се всушност почувствителни и помудри од останатите. Иако се фокусираат на нивната мисија да ги прават луѓето околу нив среќни така што ги издвојуваат и нагласуваат најзабавните делови од секојдневниот живот, сепак имаат и скриена страна од себе што само нивните партнери можат да ја почувствуваат. Па, зошто вреди да ги задржите овие личности покрај себе?

zaljubeni-ste-vo-shegadzhija-eve-zoshto-nikogash-ne-smeete-da-go-pushtite-da-si-odi-www.kafepauza.mk

1. Тој ќе ве смее секојдневно

Секогаш кога ќе го видите пред себе, вие ќе се смеете. Тој точно знае што да ви каже за да ви измами насмевка на лицето и секој разговор со него ќе ви биде исполнет со смешни коментари и урнебесни вицови.

2. Тој е креативен и духовит

Ако ги прашате писателите кој жанр е најтежок за пишување, поголемиот дел од нив без размислување ќе ви кажат – комедија! Потребна е уникатна комбинација од креативност, духовитост и вистински момент за некој да ве насмее до болка во желудник.

3. Тој лесно се носи со непријатните животни ситуации

Поголемиот дел од луѓето ги мразат оние непријатните ситуации во кои се чувствуваат засрамено или разоткриено, но за шегаџиите овие моменти се најголем извор на инспирација. Тие секогаш знаат како правилно да постапат и со добра шега да се изборат против непријатноста.

4. Тој ќе ве смири кога ќе бидете вознемирени

Ако сте вознемирени, првата личност што ви паѓа напамет да ја побарате е шегаџијата во вашиот живот. Само тој може да ве насмее кога сте нервозни и да ви покаже дека не постои толку голем проблем што никогаш повторно нема да ви дозволи да бидете среќни.

5. Тој може да ве насмее и кога сте бесни

Не постојат многу луѓе што сакаат да бидат во ваша близина кога сте бесни. Повеќето само дополнителни се вознемируваат од овие емоции, па поради тоа и бегаат што подалеку од луѓето кои ги имаат. Но не и вашиот шегаџија – тој е способен целосно да ве смири и утеши!

6. Тој ви помага да верувате во својата иднина

Секогаш кога ќе почнете да се сомневате во себе, шегаџијата ќе ви ја врати вербата. Иако често се шегува, тој има и сериозна страна што ја покажува само на личноста што ја љуби. На тој начин станува вашата најголема поддршка и личноста што секогаш ќе ве турка кон напред.

Прочитајте ги и овие необични описи на љубовта кои ќе ви го стоплат срцето.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар