Воена диета: 4 килограми помалку за 3 дена

Тридневната или воена диета, како што и самиот назив си кажува, подразбира строг режим на исхрана и строго придржување до сѐ што е пропишано, од термините за оброците, па до самите намирници. Во спротивно, нема да постигнете ништо од посакуваните резултати.

Од зачините, дозволени се само сол и бибер. Намирниците не може да се заменуваат со други. Вода може да пиете колку сакате.

Пред да почнете да ја спроведувате, задолжително консултирајте се со лекар.

Воена диета: 4 килограми помалку за 3 дена

Секој ден се јаде во исто време, без разлика на тоа што можеби нема да бидете гладни баш тогаш. После диетата, барем 4 дена треба да бидете на нормална исхрана, па доколку сакате, можете да ја повторите. Со диетата се препорачува вежбање.

Прв ден

Појадок: Пола грејпфрут, парче тост-лепче со две лажички путер од кикирики, кафе или чај.

Ручек: 100 грама туна, парче тост-лепче, кафе или чај.

Вечера: 80 грама какво било немасно месо или пилешко, 150 грама грашок, пола банана, мало јаболко и 110 грама сладолед од ванила.

Втор ден

Појадок: Јајце, пола банана, парче тост-лепче.

Ручек: 110 грама свежо сирење, тврдо варено јајце и 5 солени крекери.

Вечера: 2 виршли (без леб), 150 грама брокула, 65 грама рендан морков, пола банана и 55 грама сладолед од ванила.

Трет ден

Појадок: Кафе или чај, со една до две лажички засладувач, 5 солени крекери, 26 грама сирење и едно помало јаболко.

Ручек: Тврдо варено јајце и едно парче тост-лепче.

Вечера: 200 грама туна, пола банана, 110 грама сладолед од ванила.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар