Во пресрет на 1 Мај: Бањалучки ќебап

Бањалучкиот ќебап во лепиња се смета за еден од најславните брендови на Бања Лука. Единствен е по својот изглед, вкус и начин на сервирање. Првпат се појавил пред повеќе од 100 години и веднаш станал хит низ целата некогашна Југославија, а потоа и пошироко. Доколку сакате да го имате на вашата трпеза за првомајските празници, пригответе го по следниов рецепт.

Во пресрет на први мај: Бањалучки ќебап

Потребни состојки за 8 личности:
  • 600 г телешко месо
  • 1 чешне лук
  • 1,4 кг говедско месо од рамо
  • 3 прстофати бибер
  • 40 г сол
Начин на подготовка:

Смелете ги телешкото и говедското месо. Измешајте ги убаво и во нив додадете ја солта. Мешајте со раце најмалку 5 минути, а потоа оставете го месото во фрижидер, да отстои 12 часа (може да стои и 24 часа). Откако месото ќе отстои, исечкајте го лукот и додадете го месото. Додадете го и биберот и повторно мешајте го месото со раце најмалку 10 минути.

Обликување:

Ќебапите ќе ги обликувате со влажни раце, а пред печењето ќе ги оставите уште 2 часа во фрижидер. Бањалучкиот ќебап треба да има дијаметар од 2 сантиметри и да е долг барем 5. Се редат како „плочки“ од 4 ќебапи во низа. Од 2 килограми месо треба да се добијат околу 40 „плочки“.

Печење:

Намачкајте ја со масло решетката од скарата. Печете ги ќебапите по неколку минути од секоја страна, додека не поруменат убаво.

Послужување:

Ќебапите се служат топли ставени во лепиња. По правило, заедно со нив се служи и многу кромид, но и со домати, краставица, марула и многу други сосови.

Во пресрет на први мај: Бањалучки ќебап

Напомена:

Доколку се придржувате до рецептот, за подготовка на Бањалучки ќебап, потребни ќе ви бидат ден-два. Но доколку немате толку време на располагање, можете да го скратите ладењето на месото, но имајте предвид дека вкусот нема да биде ист.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар