Вежбајте зумба во домашни услови со лична инструкторка

Дали сте подготвени одлично да се забавувате додека вежбате? Токму тоа е целта на програмата на зумбата. Станува збор за ефективно согорување калории преку неверојатно лесна кореографија за следење, со чекори инспирирани од латино музиката. Со други зборови, зумбата е танцова фитнес-забава која не смеете да ја пропуштите. Понекогаш добрите идеи настануваат сосема случајно. Алберто (Бето) Перез е „одговорен“ за зумба-искуството, кое денес е едно од најрасространетите фитнес-програми во светот.

Вежбајте Зумба во домашни услови со лична инструкторка

Луција Мересова е инструкторка по зумба од Словачка. Таа има свој канал на Јутуб каде што можете во кое било време да ги гледате нејзините кореографии и да ги одберете токму оние кои одговараат на вашиот стил, без разлика дали сакате да се опуштите, да си го подобрите расположението или да се ослободите од вишокот енергија. Доколку сте почетници пробајте од 2 до 3 пати неделно да вежбате по 20 минути. Откако ќе добиете малку кондиција, продолжете го вежбањето и до 40 минути. Не само што ќе имате одлична забава додека вежбате, туку и ќе го зацврстите вашето тело за многу брзо време.




Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

  1. Lale Reply

    Mhm … ludnica e Zumbava!

Остави коментар