Уживајте во јагодите: 9 причини зошто ова овошје е одлично за вашето здравје

Силната црвена боја и слаткиот вкус ги прави јагодите едни од најнеодоливите овошја за луѓето. Тие се едноставно премногу вкусни, но истовремено и многу здрави. Нив можеме да ги најдеме само пролетно време, па токму затоа погледнете зошто би требало максимално да ги искористите оваа сезона…

Уживајте во јагодите: 9 причини зошто ова овошје е одлично за вашето здравје

1. Високо ниво антиоксиданси

Тие се четвртото овошје со најголемо ниво антиоксиданси кои го штитат нашето тело од слободните радикали и кои се поврзуваат со предвремено стареење и различни заболувања. Тие исто така содржат и природни феноли кои служат како еден вид аспирини и благотворно делуваат против воспаленија и болки. За разлика од вештачките лекови, фенолите од јагодите не предизвикуваат крвавење во цревата.

2. Одличен извор на витамин Ц

Витаминот Ц ја зголемува силата на артериите, го спречува создавањето модринки и ја засилува работата на жлездата за адреналин која бара поголемо количество витамин Ц во однос на било кои други жлезди и органи во нашето тело. Од јагодите поголемо количество витамин Ц содржат само портокалите.

3. Добри се кога станува збор за слабеење

Јагодите имаат многу малку калории. Тие содржат околу 36 калории во една порција од 100 грама, не содржат масти и имаат ниско ниво натриум и шеќер. Јагодите содржат природни шеќери, но во мало количество.

4. Борба против тумори и алергии

Тие содржат флавноиди кои го поттикнуваат телото да создава пречки во фазите на развој на клетките рак и ја спречува нивната можност за размножување, додека пак киселините во ова овошје имаат антиалергиски својства, па токму затоа и помагаат при намалување на биохемиските процеси кои се поврзуваат со алергиските реакции.

5. Регулирање на шеќерот во крвта

Намалувањето на тежината е еден од најдобрите начини да ја спречите појавата на дијабетесот тип 2, како и голем број срцеви болести. За оваа цел јагодите можат многу да ви помогнат. Високото ниво шеќер се поврзува со прекумерната тежина, промената на расположението како и дијабетесот. Јагодите исто така делуваат благотворно против воспаленија и имаат седативно дејство.

6. Регулирање на крвниот притисок и холестеролот

Во една порција јагоди се наоѓаат 134 милиграми калиум кој го регулира крвниот притисок и делува како заштита од негативното влијание на натриумот. Јагодите припаѓаат на групата храна која е најздрава за срцето. Тие содржат состојки кои позитивно влијаат врз здравјето на целокупниот кардиоваскуларен систем. Исто така го намалуваат лошиот холестерол во крвта, кој предизвикува затворање на артериите.

7. Здравје на очите

Антиоксидансите во јагодите го намалуваат ризикот од појава на катаракта која може да предизвика слепило. Очите исто така имаат потреба од витамин Ц со цел да се заштитат од ултравиолетовото зрачење, додека пак истиот витамин игра важна улога и во зајакнување на рожницата и мрежницата.

8. Борба против брчките

Витаминот Ц му е потребен на телото со цел да произведува колаген кој ја подобрува еластичноста и отпорноста на кожата. Со оглед на тоа што со производството на колаген се намалува стареење, консумирањето храна која е богата со витамин Ц би можела да ѝ помогне на вашата кожа долго да остане млада и здрава.

9. Регулација на варењето на храната

Хранливите влакна во јагодите се неопходни за здравјето на дигестивниот систем. Доколку во вашето тело не внесувате доволно хранливи влакна, може да дојде воспаление на цревата, што се случува кај скоро 50% од личностите постари од 60 години.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар