Доколку тој или таа не прави да ги чувствувате овие 9 нешта, тогаш не станува збор за вистинска љубов

Доколку тој или таа не прави да ги чувствувате овие 9 нешта, тогаш не станува збор за вистинска љубов

Светот станува сè помал, па токму затоа и нашите можности за партнер секојдневно се зголемуваат. Лесно е да се најде некој. Тешкиот дел е да се најде вистинската личност. Токму затоа кога станува збор за љубов, вие треба да се водите од вашите чувства. Без разлика колку една личност изгледа добро на прв поглед, доколку тој или таа не прави да се чувствувате на одреден начин, тогаш едноставно не можете да кажете дека станува збор за вистинска љубов.

Доколку тој или таа не прави да ги чувствувате овие 9 нешта, тогаш не станува збор за вистинска љубов

1. Оваа личност треба да ве прави среќни

Најочигледното искуство кое се бара во една врска е и она која најчесто се занемарува. Сите ние од врската бараме среќа и кога работите одат добро, успеваме да ја најдеме, но поголемиот дел од времето, без да забележиме, дозволуваме да ни избега од нашите раце. Понекогаш токму онаа личност која еднаш ве правела среќни, сега не ви предизвикува ништо друго освен болка. Имајте на ум дека животот е краток и дека ако вашите денови се повеќе исполнети со очај отколку со среќа, тогаш како може да очекувате да го живеете животот правилно?

2. Оваа личност треба да ве прави возбудени за животот

Оваа личност треба да го подобрува вашето општо расположение и да прави да бидете возбудени дури и за оние нешта кои никогаш не ви биле интересни. Вие покрај вашиот партнер треба да го гледате светот како многу попријатно и подобро место за живеење. Доколку оваа личност не прави да се чувствувате на овој начин, тогаш можеби е погрешната личност за вас. Вие треба да бидете возбудени кога ќе се сретнете, да се радувате на заедничкото време, да сакате да се будите покрај него/неа и едвај да чекате да ги поминувате заедно вашите денови.

3. Оваа личност треба да прави да чувствувате мир во себе

Многу е важно да ја најдете вистинската личност со која ќе го поминете вашиот живот. Оваа личност треба да не се обидува да ве смени, туку едноставно да ве натера да се цените онакви какви што навистина сте. Доколку не сте личноста која сте, од каде знаете, можеби никогаш не би се ни сретнале.

4. Оваа личност треба да прави да се чувствувате сигурно

Чувството на сигурност е едно од клучните во врските. Нашите животи се исполнети со несигурност, тоа отсекогаш било така. Всушност, еволуцијата отсекогаш била на страната на оние кои најбрзо се адаптираат на овие несигурности кои се случуваат секоја минута од секој ден. Токму затоа доколку ништо во нашиот живот не е сигурно, ние би можеле да изгубиме сè. Единствениот партнер кој вреди да се задржи е оној кој ве прави да бидете сигурни во верувањето дека тој или таа никогаш нема да ве напушти.

5. Оваа личност треба да ви дава надеж

Тој или таа ви дава надеж дека животот може да биде пријатен. Оваа личност ви дава надеж дека вие нема да останете сами. Вашиот партнер треба да ви дава надеж дека ќе успеете да го изградите животот за кој отсекогаш сте сонувале, но исто така и да ви даде надеж за човештвото. Кога ќе најдете личност која ќе верувате дека е неверојатно човечко суштество, тогаш ќе почнете да гледате и на светот со поинакви очи. Вие ќе верувате дека во овој суров свет, сепак може да постои љубов.

6. Оваа личност треба да ви дава храброст

Вашиот партнер треба да ви дава храброст при преземањето ризици кои сами никогаш не би ги направиле. Оваа личност ви дава надеж да ги правите и најлудите нешта за кои претходно воопшто не сте ни помислиле, само затоа што верува во вас. Тоа е една од причините зошто секој од нас бара партнери во животот. Тие ни даваат сила да ги правиме сите оние нешта за кои сме мислеле дека никогаш не сме биле способни.

7. Оваа личност треба да ја разгорува вашата љубопитност

Светот е фасцинантно место, но сепак на голем број луѓе често им е здодевно. Некако, со секојдневните рутини, ние успеваме да изгубиме интерес и ѝ се препуштаме на монотонијата. Вие ќе ја препознаете вистинската личност за вас преку начинот на кој тој или таа ја разгорува вашата љубопитност.

8. Оваа личност треба да ве прави загрижени

Не намерно, се разбира. Личноста која ви вели дека ве сака, не треба да биде истата личност која прави да се грижите без потреба. Едноставно не ви е потребна личност која само дополнително ќе ви предизвикува стрес. Но, кога сте навистина заљубени, вие почнувате да се грижите за оваа личност. Можеби не премногу и често, но одвреме-навреме кога нема да го/ја добиете на телефон или пак, кога авионот ќе му/ѝ касни, едноставно не можете да ги сопрете најлошите сценарија да прелетаат низ вашата глава.

9. Оваа личност треба понекогаш да предизвика да се чувствувате тажно

Не често и никогаш намерно, но вистинската личност за вас без сомнение понекогаш ќе ве направи тажни. Никој не може да ги достигне сите свои очекувања, а уште помалку очекувањата на другите. Сите ние правиме грешки, имаме моменти на слабост и донесуваме лоши одлуки. Совршените луѓе не постојат, но личноста која треба да ја задржите покрај вас е онаа која ќе направи сè што е во нејзината моќ да ве одржи насмеани. Оваа личност ќе го исполни вашиот живот со толку многу среќа само затоа знае дека еден ден ќе се изгубите. Токму оваа мисла е онаа која ве прави да почувствувате тага. И тоа е добро.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар