Тајниот метод на богатите и среќни луѓе: Афирмативна изјава која ќе ви го промени животот

Наполеон Хил со години се занимавал со проучување на законот на привлечност и моќта на човечката свест, а резултатите од неговото истражување ги опишал во книгата „Размислувај и развивај се богато“ (Think and Grow Rich), која станала вистински бестселер меѓу книгите за личен развој.

Имено, тој утврдил дека мал процент луѓе поседуваат нешто што другите го немаат, и токму тој процент припаѓа на елитата на најмоќните и најбогатите луѓе во светот. Па, што е тоа што ги издвојува од останатите?

Тајнииот метод на богатите и среќни луѓе: Афирмативна изјава која ќе ви го промени животот

Хил тврди дека станува збор за афирмативна изјава која привлекува богатство во животот од секој можен аспект. Реченицата треба да ја читате или слушате ако направите звучен запис, секој ден по два пати, наутро кога ќе се разбудите и навечер непосредно пред спиење. Единствено нешто што мора да го направите е навистина да верувате во тоа што сте го напишале.

Пораката со текот на времето од свесниот ум ќе премине во потсвеста и оттаму започнува процесот на манифестација. Можеби ова ви звучи како гатање или рецепт на некоја врачарка, но факт е дека овој метод го имаат користено многу успешни луѓе, а како што е познато, повторувањето е мајка на знаењето!

Изјавата гласи вака…

„Првиот ден ________ (одредете го периодот, на пример 2016 година) ќе поседувам _______ евра (одредете ја сумата која сакате да ја остварите), која одвреме-навреме ќе ми доаѓа во разни износи. За возврат подготвен/а сум да дадам сѐ од себе и за овие пари ќе ја понудам најдобрата можна услуга за која сум способен/способна, најголемиот квантитет и најдобриот можен квалитет на услуга во вид на _______________ (тука го наведувате она што знаете да го правите и што сте подготвени да го направите во замена за пари). Јас цврсто верувам дека ќе ги поседувам тие пари. Мојата верба е толку силна што можам да ја видам пред своите очи. Можам да ја допрам со рацете. Сега очекувам пренос на парите на време и во сооднос со услугата која имам намера да ја пружам за возврат.“

Доколку сѐ уште немате план, треба да го додадете следново…

„Очекувам план кој ќе ми помогне да ги добијам тие пари и ќе го следам тој план откако ќе го добијам.“

Тајнииот метод на богатите и среќни луѓе: Афирмативна изјава која ќе ви го промени животот

Верувајте дека го заслужувате тоа и верувајте дека е возможно да се случи. Потоа секој ден по неколку минути затворете ги очите и замислете си дека веќе го имате она што го сакате, почувствувајте дека тоа веќе го поседувате. Потоа фокусирајте се на она за што сте моментално благодарни и вистински уживајте во истото. Потоа продолжете со своите секојдневни обврски и препуштете му сѐ на универзумот. Верувајте дека универзумот ќе смисли како сето тоа што го посакувате би можело да се оствари.

Очекувањето е моќна привлечна сила. Очекувајте го она што го сакате, не очекувајте го она што не го сакате. Благодарноста е силен процес на преобразба на вашата енергија која во животот ќе ви го донесе она што го сакате. Бидете благодарни за она што веќе го имате и ќе почнете да привлекувате сѐ повеќе убави работи.

Заблагодарете се однапред за она што го посакувате и на тој начин ќе се исполнат вашите желби, а универзумот ќе почне да ви праќа уште посилни сигнали. Визуализацијата е процес во кој ги создавате замислените слики според кои уживате во она што го сакате. Додека визуализирате, вие создавате моќни мисли и чувствувате дека веќе го поседувате она што го сакате. Законот на привлечноста потоа ви ја враќа таа реалност, токму онаква каква што сте ја виделе во мислите.

За да го добиете најдоброто од законот на привлечноста, тој треба да стане дел од вашиот живот, а не нешто со кое само привремено ќе се служите.

На крајот од денот пред да заспиете, повторно поминете го во мислите сето она што се случило дента. Секоја случка или момент кои не завршиле онака како што сте сакале, одново одиграјте ги во мислите, но овој пат во согласност со вашите желби. Набрзо ќе откриете дека сите ваши желби се остваруваат, а сите ваши замисли стануваат реалност.


За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар