Стилски идеи за совршено удобен и модерен август

Можеби времето надвор е топло, а во одредени моменти дури и претопло, па единственото нешто за кое размислувате се плажи и базени, но секако морате да признаете дека го сакате летото и високите температури заради лелеавите и лесни парчиња облека кои даваат одличен изглед. Во чест на летото и на месецот август како најубав летен месец, ви издвојуваме неколку модни комбинации кои ќе ви помогнат во наредните денови да изгледате модерно, одлично стилизирано, но и во секоја од нив да се чувствувате удобно.

1. Одлично решение за работните модни комбинации

Најголемиот проблем во текот на летото е како да изберете добра модна комбинација за на работа. Но, затоа тука секогаш е молив здолништето кое во комбинација со лесна блуза или кошула и сандали со ниска потпетица е вистински моден погодок.

2-stilski-idei-za-sovrsheno-udoben-i-moderen-avgust-www.kafepauza.mk_

2. Долгите фустани се вашите најдобри пријатели

Секако, долгите фустани никако не треба да ги избегнувате. Можете да ги носите во текот на денот, ноќта, за излегување, на плажа… Тие се вашиот најдобар избор кога температурите достигнуваат вртоглави цифри.

3-stilski-idei-za-sovrsheno-udoben-i-moderen-avgust-www.kafepauza.mk_

3. Главниот збор го има вашата фантазија

Летото е вистинско време за модна игра, време кога можете да ѝ дозволите на вашата фантазија целосно да се изрази на свој начин. Заради тоа мешањето принтови е еден од најоригиналните начини за да го доведете вашиот стил до совршенство и да покажете дека дури и неспојливите дезени може да создадат вистинско модно чудо.

4-stilski-idei-za-sovrsheno-udoben-i-moderen-avgust-www.kafepauza.mk_

4. Пругите се задолжителни

Пругите се секогаш добредојдени во овие денови. Изберете блуза, шорцеви, сако или пак модни детали кои секогаш ќе ве потсетуваат на море и сонце.

11-stilski-idei-za-sovrsheno-udoben-i-moderen-avgust-www.kafepauza.mk_

5. Лежерно, а сепак модерно

За едноставните, лежерни денови ги оставаме фармерките и класичните црно-бели блузи. Во комбинација со сандали и други аксесоари ќе направат одлична модна комбинација.

5-stilski-idei-za-sovrsheno-udoben-i-moderen-avgust-www.kafepauza.mk_

5. Голи раменици + широки панталони = моден погодок

Продолжуваме со уште некои од модните трендови кои не смееме да ги заобиколиме. Ова лето дефинитивно го одбележаа голите раменици, односно блузите и кошулите со спуштени рамена, како и доста широките панталони. Кога ќе се спојат овие два тренда даваат комбинација на која тешко ќе можете да ѝ одолеете.

6-stilski-idei-za-sovrsheno-udoben-i-moderen-avgust-www.kafepauza.mk_

6. Мешање на стилови и трендови

Мешајте ги трендовите, мешајте ги принтовите и сигурни сме дека тие ќе ви го дадат сето она што ви е потребно во овие топли денови.

7-stilski-idei-za-sovrsheno-udoben-i-moderen-avgust-www.kafepauza.mk_

7. Бидете жешки како високите летни температури

Кога сме веќе кај трендовите, особено оние најактуелните, не смееме да ги заборавиме лесните блузи со тенки прерамки, едноставни или со дополнителна чипка на рабовите. Можете да ги носите во сите периоди од денот и ноќта. Во комбинација со нив изберете лесни, разлетани, свилени, шарени наметки кои ќе придонесат вашата модна комбинација да привлече големо внимание.

9-stilski-idei-za-sovrsheno-udoben-i-moderen-avgust-www.kafepauza.mk_8-stilski-idei-za-sovrsheno-udoben-i-moderen-avgust-www.kafepauza.mk_

Доколку секогаш имате проблем со смислувањето модни комбинации, погледнете ги овие летни „униформи“ за деновите кога не знаете што да облечете.

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар