5 летни „униформи“ за деновите кога не знаете што да облечете

Сите ние генерално се бориме против униформираноста и тоа треба да остане така. Меѓутоа, во моментите кога немате време да се подготвувате и да се средувате, кога не сте во состојба да осмислувате нови идеи, тогаш некои веќе подготвени комбинации може навистина да ви ја олеснат работата. Затоа ви даваме предлози за пет модни комбинации кои секогаш можете да ги носите и да изгледате одлично, без да размислувате дали ќе погрешите во изборот.

0-5-letni-uniformi-za-denovite-koga-ne-znaete-shto-da-oblechete-www.kafepauza.mk_

1. Секогаш при рака морате да имате лесна, едноставна блуза или маица која можете да ја комбинирате со различни парчиња облека. Овој пат изберете здолниште со А крој, со цветен дезен, кое заедно со помала чанта и едноставни балетанки или рамни сандали ќе создаде совршен изглед. Брзо и едноставно, а сосема ефективно, токму она што ви е потребно кога сте во брзање.

1-5-letni-uniformi-za-denovite-koga-ne-znaete-shto-da-oblechete-www.kafepauza.mk_

2. Доколку станува збор за некоја работна, елегантна модна комбинација ви даваме супер идеја за оние утра кога ќе немате инспирација и идеи. Широките, елегантни панталони може да ги комбинирате со обична бела блуза со ракави или без, некои едноставни сандали со висока потпетица, а на крај облечете елек кој изгледа како долго сако, но без ракави. Ќе изгледате одлично во секоја прилика.

2-5-letni-uniformi-za-denovite-koga-ne-znaete-shto-da-oblechete-www.kafepauza.mk_

3. Летото е вистинско време за лесна облека, па сигурно ќе се одлучите за кратки фармерски панталони, а еве како најлесно да ги стилизирате. Изберете сандали со потпетица во некоја интересна боја или пак колоритна, и целата комбинација надополнете ја со обична блуза со пруги. За само неколку секунди ќе добиете модна комбинација која е одлична за прошетка, за кафе со пријателките, за шопинг и слично.

3-5-letni-uniformi-za-denovite-koga-ne-znaete-shto-da-oblechete-www.kafepauza.mk_

4. Нема да ви биде потребно ништо друго освен еден цветен фустан кој самиот по себе потсетува на лето. Фустанот не морате да го носите на стандарден начин, со сандали или со балетанки, туку одлучете се за некои бели, спортски патики со кои ќе постигнете сосема интересен ефект во целокупниот изглед.

4-5-letni-uniformi-za-denovite-koga-ne-znaete-shto-da-oblechete-www.kafepauza.mk_

5. Еве уште една идеја за работна модна комбинација, која секогаш можете да ја искористите и за прошетка со пријателките, за одење во некој бар, па и за некое вечерно излегување. Малку пошироки, машки, бели искинати фармерки во комбинација со високи потпетици и блуза која има поелегантен крој и материјал. Оваа модна комбинација ви дава опција да ја носите каде било и во која било прилика.

5-5-letni-uniformi-za-denovite-koga-ne-znaete-shto-da-oblechete-www.kafepauza.mk_

Летни правила за облекување: Што е дозволено на работното место?

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар