Шик фустани совршени за празничните забави

Забавите се неизбежен дел од празничната еуфорија и доколку не можете да се одлучите што да облечете, разгледајте ги следните неколку шик фустанчиња во кои сигурно ќе изгледате прекрасно.

Кариран фустан

(0) shik-fustani-sovrsheni-za-praznichnite-zabavi-kafepauza.mk

Карираниот дезен е често запоставен за вакви поводи, бидејќи се смета за премногу обичен и соодветен за дневни комбинации. Но, тоа не мора да биде така. Можете да одберете лежерно карирано фустанче со впечатливи штикли или пак да најдете некое со пософистициран и елегантен крој.

Црн фустан

(1) shik-fustani-sovrsheni-za-praznichnite-zabavi-kafepauza.mk

Црното никогаш не излегува од мода. Црниот едноставен фустан со соодветен накит и штикли е одличен избор за празничните забави. За посекси изглед одберете црн фустан со долги ракави или црн фустан со проѕирни делови, изработени со точки.

Цветен фустан

(2) shik-fustani-sovrsheni-za-praznichnite-zabavi-kafepauza.mk

Сигурно си мислите дека цветните фустани се носат само на пролет, но не мора да значи. Потемните цветни нијанси, искомбинирани со хулахопки и чизми во темна боја се супер избор за празничните забави. Нетипично, но многу уникатно и шик.

Металик фустан

(3) shik-fustani-sovrsheni-za-praznichnite-zabavi-kafepauza.mk

Навистина смел и тренди избор за забавите што следат. Доколку сте размислувале за ваква опција, не се двоумете и дозволете си мала доза на ексцентричност.

Светкав фустан

(4) shik-fustani-sovrsheni-za-praznichnite-zabavi-kafepauza.mk

Светкавите фустани се прва асоцијација на празничните забави. Всушност, тие се одличен избор и за најлудата ноќ. Со нив никогаш нема да погрешите.

Пастелен фустан

(5) shik-fustani-sovrsheni-za-praznichnite-zabavi-kafepauza.mk

Ваквите фустани не се честа глетка, но се совршени за празничните забави. Топлите бои се соблазниви, софистицирани и шик, какви што дефинитивно треба да бидете на вакви пригоди. Вака ќе се издвоите од толпата и ќе инспирирате со својот изглед.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран преведувач и толкувач. Непоправлив перфекционист. Љубопитна, интуитивна и насмеана. Ја сака уметноста и културниот живот. Идеалист. Верува во астрологија, убаво утринско кафе и позитивно размислување.

Поврзани содржини

Остави коментар