Пристигна најновиот моден тренд: Усни во две бои

Заводлива црвена или романтична розова? Често ни се случува да не можеме да се одлучиме за бојата на карминот пред да излеземе од нашиот дом. Но, веќе не мора да се прашувате која нијанса најмногу одговара на вашата облека, бидејќи отсега не мора да носите само една боја на усните. Директно од модните писти и списанијата ни доаѓа еден нов и свеж моден тренд – усни во две бои. За разлика од другите трендови на ова поле, овој е многу едноставен бидејќи сè што е потребно е одвоено да ги нанесете двата кармина – едниот на горната, другиот на долната усна.

Пристигна најновиот моден тренд: Усни во две бои

Овој необичен тренд брзо се проширил низ социјалните мрежи, но тој исто така е препорачан и од страна на мејкап артистите ширум светот. Новиот изглед на вашите усни може да се постигне на два начина: со користење комплементарни бои или сосема спротивни.

(5) Пристигна најновиот моден тренд: Усни во две бои

Ако сакате вашите усни да изгледаат пополно, користете слични бои во различни нијанси, како на пример, нежно розова на долната усна и силна розова на горната. Од друга страна пак, сличните бои можат да се носат и со дневните комбинации, па дури и на работа.

(2) Пристигна најновиот моден тренд: Усни во две бои

Смелите девојки кои сакаат со своите усни да привлечат многу погледи, тоа можат да го постигнат така што ќе користат две сосема спротивни бои, како на пример, портокалова и розова или виолетова и црвена. За заводлив изглед, можете да комбинирате и темноцрвен кармин за горната уста, а сребрена светкава нијанса за долната. Овој изглед е одличен за лудите излегувања.

(4) Пристигна најновиот моден тренд: Усни во две бои

Овој нов бјути тренд не овозможува само комбинирање на различни бои, туку и кармини со различна текстура, како интензивниот мат и оној со светкав сјај. Кај овој вид шминка, вие треба да водите сметка и за долготрајноста на самите кармини бидејќи користите различни формули. Исто така, со цел усните да не ви изгледаат неуредно и да не дојде до преливање и размачкување, исцртајте контури со моливче во соодветната боја, а потоа користете четка за прецизно нанесување на карминот.

(6) Пристигна најновиот моден тренд: Усни во две бои

Епа ајде, почнете со експериментирање, бидејќи бројот на комбинации е неограничен, а на вас останува само да ја изберете омилената.


За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар