Прекинете ги пријателствата кои лошо влијаат на вас

Прекинете ги пријателствата кои лошо влијаат на вас

Тешко на оној кој нема пријатели, но сигурно му е полошо на оној кој има лоши пријателства. Вистина е дека треба внимателно да ги одбираме пријателите и штом ќе ги најдеме оние вистинските, да ги задржиме. Но не трудете се да го зачувате пријателството кое лошо влијае на вас.

Прекинете ги пријателствата кои лошо влијаат на вас

Кои се пријателите со лошо влијание?

1. Љубоморните – Кога би постоеле натпревари за негативни чувства, љубомората секогаш би извојувала победа. Оние кои завидуваат на вашиот успех наместо да ве поддржат, не се вистински пријатели. Вистинските пријатели се радуваат повеќе и од вас кога вие ќе постигнете некаков успех.

2. Озборувачите – Доколку сте дел од друштво од неколку пријатели/ки, а некој од нив упорно зборува лошо за другите кога не се во ваше присуство, бидете сигурни дека истото го прави и за вас, зад ваш грб. Ако ви се вистински пријатели, нема да се грижите дали ќе ве озборуваат поради вашата неуредност или вашите постапки и навики. Едноставно, ќе ве прифатат такви какви што сте и секогаш ќе кажат убави работи за вас, позади вашиот грб!

3. Синдромот: „Секогаш да е по мое“ – Оние кои мислат дека секогаш треба да бидат во центар на внимание и секогаш треба да е по нивно, се луѓе кои не го заслужуваат вашето пријателство. Тие се сметаат за попаметни па затоа тие одлучуваат каде ќе одите и што ќе правите.

4. Себичните – Нивните потреби се на прво место. Тие ќе ви завртат грб кога ќе им побарате услуга, поради некаква нивна банална и безначајна „обврска“. Тоа се оние кои ќе го стават момчето/девојката пред своите пријатели на скалата на важност. Тие ќе го потрошат последниот кредит за да си прочитаат хороскоп наместо да ви честитаат роденден. Со задоволство ќе ве остават да ги чекате со часови, но тие никогаш не би чекале.

Прекинете ги пријателствата кои лошо влијаат на вас

5. Навредливите – Оние кои ќе ве „цензурираат“ цело време, без да ве остават да бидете свои и слободни се напорни и тешки пријатели. Секогаш ќе треба да внимавате да не го/ја навредите, а може да се навредат и од најобични постапки. Постојано да внимавате на чувствата на овие „осетливи“ личности, чувствувајќи потреба да докажете дека заслужувате да ви бидат пријатели, е преголем притисок.

6. Злопамтилата – Еден збор кажан на погрешен начин, една лоша постапка и вие сте „бележани“ за подолго време. Тоа се оние кои никогаш нема да ви го заборават и најситното „злодело“ и во секоја прилика ќе ви го „вадат низ нос“. Во оваа група на „јака меморија“ спаѓаат и оние кои постојано ќе ве потсеќаат на добрината која некогаш ви ја направиле.

7. Оние со комплекси – Без разлика дали станува збор за оние со комплекси од повисока или од пониска вредност, сите се лоши пријатели. Трагачите по комплименти, без самодоверба, кои постојано се жалат, едноставно се напорни. Оние пак, кои мислат дека се повеќе од другите, најчесто си се добри само за себе, не и за вас.

8. Невнимателните – Тие не внимаваат на вашите чувства. Не знаат да ве развеселат кога сте тажни и ќе ви се пофалат колку им е супер иако вашиот ден е навистина лош.

9. Неискрените – Лажливците, лицемерните и дволичните не може да се наречат вистински пријатели. Дури и ако ја премолчува вистината за да не ве повреди, сепак е лажливец/ка. Ако пријателите не ви ја кажат вистината, кој ќе ви ја каже? Пријателите искрено ги кажуваат работите кои ние не ги забележуваме.

10. Оние со лоши манири –  Луѓето без култура, со лоши навики, го рушат вашиот углед. Дури и да не сте тргнале по нивните стапки наскоро ќе го направите тоа. Нели е вистина дека со кој си, таков си.

Пријателствата треба да ви носат убави моменти и среќа. Треба да ве развеселат кога сте тажни и да ви донесат хармонија кога животот ви е неред. Штом почнале да ви носат нервози, солзи и притисок, прекинете ги навреме!

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

Остави коментар