Како да започнете здрава навика и навистина да се придржувате до неа?

Како да започнете здрава навика и навистина да се придржувате до неа?

Имаме толку многу планови, а толку малку време. Или пак, во прашање се само изговори? Од утре ќе започнам да се хранам здраво, од понеделник ќе започнам да вежбам, од вечерва започнувам со медитација за опуштање и многу слични работи. Често не сакате да го сторите тоа што сте го рекле или пак ќе го направите еднаш или двапати и ќе се откажете. Во што е проблемот и како да го решите? Споделуваме со вас три најчести изговори и како да ги претворите во здрави навики до кои долго време ќе се придржувате.

1-kako-da-zapochnete-nekoja-zdrava-navika-i-navistina-da-se-pridrzhuvate-do-nea-www.kafepauza.mk_

1. „Немам доволно време!“

Сигурно ќе се сложите дека ова е најчестиот изговор. Сепак, не е сè во недостатокот на време, туку во тоа како ќе создадете време за тоа што би сакале да го направите. Постојат три начини за да ја постигнете оваа цел:

Пресметајте колку време ви е потребно за правење на некоја активност

Кога ќе отидете на час по пилатес, вие сметате дека таму ќе се задржите еден час, но не го сметате времето кое е потребно за да отидете и да се вратите, да се пресоблечете и да се истуширате. Повеќе не е еден час, туку два. Ако немате два часа, правете ги вежбите дома.

Проверете на кој начин навистина го трошите вашето време

Ви гарантираме дека сурфате на интернет многу повеќе отколку што мислите. Само обрнете внимание и помислете што сè можевте да направите наместо тоа.

Запишете ги плановите во бележник

Исто како што ги запишувате работните планови и состаноци, запишете ги и деновите за вежбање или антицелулитните третмани, исто како да се обврски.

2-kako-da-zapochnete-nekoja-zdrava-navika-i-navistina-da-se-pridrzhuvate-do-nea-www.kafepauza.mk_

2. „Денес прескокнувам, но затоа утре правам дупло!“

Што можете да завршите денес, не оставајте го за утре, но доколку тоа не важи за вас, обрнете внимание на следниве работи.

Поставете помали цели

Одредете си себеси што најмалку и најмногу можете да направите во текот на денот, но нека максимумот биде реална и мала цел. На пример, одете на трчање минимум 10 минути, а максимум 20 минути, како што најмногу ви одговара.

Наскоро тоа ќе ви стане навика, бидејќи ќе биде полесно секојдневно да работите малку по малку, отколку еднаш во три месеци.

Променете го аголот на гледање

Наместо да кажете „утре ќе“ или да се обидувате да се мотивирате и да се натерате да тргнете, почнете да размислувате на друг начин. Кажете си себеси ако воопшто не ви се трча, дека ќе направите само лесна прошетка, па ќе видите дали вашето мислење ќе се промени во меѓувреме.

3-kako-da-zapochnete-nekoja-zdrava-navika-i-navistina-da-se-pridrzhuvate-do-nea-www.kafepauza.mk_

3. „Едноставно не можам да се натерам да тргнам!“

Кога навистина немате ниту малку волја, направете го следново:

Престанете со одложувањето и тргнете на работа

Додека се прашувате како и зошто, барате изговори, едноставно без многу размислувања започнете го тоа што би требало да го работите и одеднаш ќе се најдете во работа.

Одвојте време за да се запрашате

Кога ќе се фатите себеси како правите нешто неважно, наместо она што би сакале да го правите, запрашајте се зошто го правите тоа и каде ве води. Размислувајте на оваа тема сè додека не се мотивирате да ги работите вистинските работи.

Играјте психолошки игри самите со себеси

Наместете го тајмерот на 7 минути и кажете си себеси дека точно толку ќе го работите тоа што сте го наумиле, а доколку после тоа и понатаму на се чувствувате мотивирани можете да престанете без чувство на вина.

Трикот е во тоа што на многумина им е тешко да започнат, но откако ќе почнат, работите стануваат многу полесни.

Побарајте поддршка

Пронајдете ја другарката на која исто така ѝ е потребна поддршка и мотивација и известувајте се една со друга што се случува, до каде сте стигнале и на допуштајте си да се откажете.

4-kako-da-zapochnete-nekoja-zdrava-navika-i-navistina-da-se-pridrzhuvate-do-nea-www.kafepauza.mk_


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар