Предности и маани на ладниот воздух: Може ли да уживаме во зимската магија?

Само што сте се вратиле од прекрасна зимска прошетка, и пред огледалото ве пречекува непријатно изненадување, вашата кожа на лицето е толку сува и затегната, а на некои делови се појавиле ситни црвени капилари. Престој на ладниот воздух – да, но по која цена? Ако се припремиме добро, нема потреба од загриженост, велат експертите. Клучот е во хидратацијата.

1-prednosti-i-maani-na-ladniot-vozduh-mozhe-li-da-uzhivame-vo-zimskata-magija-www.kafepauza.mk_

1. Лице

Козметиката на база на масла ѝ помага на кожата да ја зачува својата влажност и притоа формира заштитен слој кој ја штити од ладниот воздух и ветрот, како и од претераното сушење кое е последица од престојувањето во затворена просторија покрај радијатор.

2-prednosti-i-maani-na-ladniot-vozduh-mozhe-li-da-uzhivame-vo-zimskata-magija-www.kafepauza.mk_

2. Тело

Проретчете го туширањето во зимскиот период или временски ограничете го. После 15 минути туширање со топла вода, од кожата се отстранува драгоцениот липиден слој кој има заштитен ефект.

3-prednosti-i-maani-na-ladniot-vozduh-mozhe-li-da-uzhivame-vo-zimskata-magija-www.kafepauza.mk_

3. Усни

Избегнувајте ја козметиката која содржи ланолин, многу вештачки бои и мириси, особено ако имате осетлива кожа склона кон алергии. Вистински избор се масните балзами. Навечер на усните нанесувајте сјај, а во текот на денот користете стик со УВ заштитен фактор или специјален балзам на база на цинк наменет за скијачи.

4-prednosti-i-maani-na-ladniot-vozduh-mozhe-li-da-uzhivame-vo-zimskata-magija-www.kafepauza.mk_

4. Раце

Рацете ги откриваат првите знаци на стареењето – бидете исклучокот кој не го потврдува ова правило. Носењето ракавици е нешто што се подразбира во зимскиот период. Кожата во текот на ноќта се регенерира и обновува, а додатно ќе ѝ помогнете ако еднаш неделно преспиете со подебел слој крема за раце.

5-prednosti-i-maani-na-ladniot-vozduh-mozhe-li-da-uzhivame-vo-zimskata-magija-www.kafepauza.mk_

5. Позитивни страни

Студот го забавува излачувањето на лојот кој ги запушува порите, па поради тоа вашето лице ќе изгледа почисто. Престојот на ладен воздух го намалува бројот на акните и мозолчињата на лицето. Освен тоа, зимските активности се благородни за јакнење на срцето и доброто функционирање на респираторните органи.

Исто така, студот ги топи килограмите – ниските температури ги активираат масните клетки кои трошат калории за загревање на телото на начинот на којшто тоа го прави тренирањето. На крајот, ладниот воздух влијае и на сонот – идеалната температура во спалната соба треба да се движи во границата помеѓу 15 и 18 степени Целзиусови.

Happy girl in a forest

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар