10 нешта што здравите луѓе ги прават пред спиење

Сакате да се чувствувате добро? Тогаш пробајте правилно да спиете. Здравите луѓе знаат дека спиењето е витален дел од нивното здравје, па затоа и му даваат приоритет во својот живот. Во продолжение прочитајте неколку трикови кои треба да ги практикувате пред спиење, за секое утро да се будите одморени и подготвени за бурните денови.

(0)-10-neshta-shto-zdravite-lugje-gi-pravat-pred-spienje-kafepauza.mk

1. Туширање

Телесната температура е многу важна при регулација на спиењето. Туширањето пред спиење помага многу при овој процес. Топлата вода има релаксирачки ефект и го подобрува квалитетот на спиењето.

2. Медитирање

Опуштете го вашиот мозок со неколку минутно медитирање. Оваа практика има бројни позитивни влијанија на здравјето, вклучувајќи го и спиењето. Обидете се да си кажете неколку мантри пред да се „фрлите“ во кревет, а придобивките ќе ги почувствувате уште следниот ден.

3. Водење дневник

Тешко ви е да заспиете? Тогаш почнете да пишувате. Истражувањата покажуваат дека запишувањето на тоа што ви предизвикува стрес може да помогне во избиструвањето на вашиот мозок. И не само тоа, пишувањето помага при зголемување на мозочниот капацитет. Експертите тврдат дека токму затоа тоа е добар начин за побрзо заспивање.

4. Пиење вода

Алкохолот не придонесува кон добриот сон. Истражувањата покажуваат дека иако вечерната чашка можеби најпрво ќе ве успие, подоцна, во текот на ноќта, го нарушува спиењето. Обидете се наместо чаша вино, да се напиете чаша вода. На тој начин ќе се разбудите хидрирани и одморени.

5. Миење заби

Американската стоматолошка асоцијација препорачува миење на забите двапати дневно. Ако не го практикувате тоа, нечистотиите и бактериите брзо ќе се наталожат и ќе придонесат кон лошиот здив и влошување на здравјето на вашите заби.

6. Вежбање

Испотете се пред да легнете да спиете. Не само што вежбањето е корисно за вашето здравје, туку истражувањата покажуваат дека тоа помага полесно да заспиете и подобро да се одморите во текот на ноќта.

7. Ослобоување од модерната технологија

Блескавите екрани држете ги подалеку од спалната соба. Она што изгледа како безопасна навика пред спиење, всушност може да направи хаос во вашиот мозок и да го спречи добриот одмор. Истражувањата покажуваат дека синото светло кое зрачи од нашите телефони, лаптопи и телевизори може да го наруши нашиот циклус на спиење. Дури и неколку минути на Инстаграм пред да си легнете може да ви наштетат.

8. Внимателно исхранување

Старите приказни велат дека јадењето пред спиење е штетно за вас, но всушност е важно како се храните. Поточно, доколку некое јадење го консумирате пред да легнете, може да ви го регулира шеќерот во крвта и да ви помогне полесно да заспиете. На пример, обидете се со киви. Се покажало дека овошјето помага да спиеме полесно и помирно.

9. Наоѓање соодветно место за милениците

Експертите тврделе дека спиењето заедно со вашите миленици го нарушува сонот, но последните истражувања велат дека милениците можат да помогнат за полесно да заспиете. Зависи од тоа каков сон имате. Ако имате лесен сон и лесно се будите, тогаш држете ги милениците подалеку од спалната.

10. Легнување навреме

Експертите препорачуваат да се спие седум до девет часа преку ноќ, па оттука е важно кога си легнувате. Ако сакате добар ноќен одмор, обидете се да легнете токму навреме за да ги исполните препорачаните часови за спиење.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Инженер под влијание на силни филмски маси. Далеку од реалноста, блиску до паметот. Иако крајот на филмот Живот го знаеме сите, сепак убаво е да уживаме додека трае.

Поврзани содржини

Остави коментар