Зошто жените „паѓаат“ на оженети мажи?

Покрај физичкиот изглед, мажот треба да задоволува и некои други фактори за жената да го смета за привлечен. Експертите сметаат дека оженетите мажи поседуваат дел од овие клучни фактори. Дознајте зошто слободните жени многу лесно „паѓаат“ на оженети мажи.

Зошто жените „паѓаат“ на оженети мажи?

1. Тие се подготвени за сериозна врска

Слободните жени, кои се во потрага по сериозна врска, зад себе имаат бројни неуспешни обиди со партнери кои не биле сигурни што сакаат или пак, спремно го прифатиле фактот дека им е најлесно да бидат во кратка авантура. Токму затоа мажот кој одлучил да го помине својот живот со една личност изгледа многу привлечно и посакувано за овие жени.

2. Тие знаат да прифатат одговорност

Иако сите сме свесни дека бракот не мора да вклучува и одговорност, статистката е повеќе наклонета кон мажите кои го кажале судбоносното „да“. Истражувањата потврдиле дека повеќето оженети мажи имаат кариера и одговорно се грижат за своето семејство. Токму оваа карактеристика е многу позитивна и привлечна за слободните жени.

3. Тие не се плашат да ги покажат своите емоции

Жените кои се во потрага по „вистинскиот“ се свесни дека е многу тешко да се запознае личност која знае што сака и која искрено ќе ги открие своите планови, желби и намери. Оженетите мажи веќе ги покажале своите емоции на жената која ја одбрале за своја животна партнерка и токму таа особина е онаа која навистина се цени.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар