Покажете му на вашиот партнер дека искрено го љубите

За да можат да функционираат љубовните врски, пред сè е потребна меѓусебна љубов помеѓу партнерите. Но, понекогаш љубовта не е доволна, за да ги победи сите недоразбирања, расправии, повредени чувства и нарушена самодоверба. За да не дозволите вашата врска неславно да заврши, имајте на ум дека сите односи помеѓу луѓето треба непрестајно да се негуваат за да можат добро да се развиваат.

Покажете му на вашиот партнер дека искрено го љубите

Следуваат 10 интересни нешта кои можете да му ги приредите на вашиот партнер за да се чувствува љубено.

1. Пофалете го/ја пред вашите пријатели

Ако вашиот/та љубен/а неодамна постигнал/а некој успех на некое поле од животот, раскажете им на вашите пријатели за таа добра вест. Тоа ќе му/ѝ ја покрене самодовербата и ќе направи да ве сака уште повеќе.

2. Оставете му/ѝ тајни пораки во знак на внимание

Следниот пат кога вашата душичка ќе го напушти градот или ќе замине на работа/факултет, оставете ѝ љубовна порака во џебот од јакната или во книгата која што во моментот ја чита. Не заборавајте да оставите отпечатоци од вашите усни обоени со црвен кармин доколку сте женско или да прснете секси машки парфем ако сте машко.

Покажете му на вашиот партнер дека искрено го љубите

3. Заедно прославете ги неговите/нејзините успеси

Доколку вашето злато конечно го добило покачувањето на платата кое го очекувало долго време или „фатило“ некоја „фриленс“ тезга или го положило најтешкиот испит во неговото студирање, приредете му некое пријатно специјално изненадување. Дури и ако сè што имате на ум е отворање шише шампањско по повод прославување на убавата вест, самиот чин дека го вреднувате успехот на вашиот партнер, нему ќе му причини огромно задоволство.

4. Понудете му/ѝ ја вашата помош кога се чувствува под стрес

Следниот пат кога вашиот партнер ќе се почувствува пренатрупан со многу обврски или со некакви лични грижи, понудете му масажа од половина час, перење на неговите алишта или вкусни јадења за цела недела кои ќе може да ги одржува во фрижидер. Ваквите едноставни постапки ќе му покажат на вашето најмило дека се грижите за него и истовремено ќе му помогне да ја тргне од мислите тежината која ја чувствува.

Покажете му на вашиот партнер дека искрено го љубите

5. Постојано полнете го неговото/нејзиното его

Дали вашиот партнер има некој посебен талент? Без разлика дали тој/таа има фантастична ориентација во простор, одличен вкус за облекување, убаво пее, одлично вози или секогаш победува во карти, секогаш дајте му/ѝ до знаење колку сметате дека е фантастичен/а. Без разлика дали тој негов/нејзин талент има или нема некое посуштинско значење во животот, секогаш кажувајте ги на глас тие работи кои ви се допаѓаат кај него/нејзе.

6. Флертувај со него/нејзе на јавни места

Се наоѓате на забава со вашиот/та партнер/ка? Обидете се да не го поминете целото време заедно еден до друг. Остварувајте контакт со очи од другиот крај на просторот и кога ќе се разминете, како да сте странци, тоа со сигурност ќе ги врати старите романтични чувства. Не заборавајте и да поднамигнувате, секако со стил и незабележително.

Покажете му на вашиот партнер дека искрено го љубите

7. Изненадете го/ја со специјално рандеву

Дали вашиот партнер спомнал дека многу сака да присуствува на некој концерт, настан или спортски натпревар? Запомнете го датумот и изненадете го со влезници. Планирање на нешто што е важно за другиот секогаш ја подобрува врската.

8. Покажете интерес за неговото/нејзиното хоби

Дури и да не сте обожаватели на следење спорт или ТВ новели, обидете се да издржите и одвреме-навреме учествувајте во интересите на вашиот партнер. Тоа многу ќе му значи.

Покажете му на вашиот партнер дека искрено го љубите

9. Прашувајте за неговиот/нејзиниот тек на денот

Можеби изгледа едноставно, но сепак ова може да биде многу важно. Доколку на партнерот не му оставите простор да каже за неговиот тек на денот, тој ќе се чувствува како да не ви е важно неговото време. Секогаш имајте на ум дека не треба да зборувате само за себе и вашите чувства.

10. Прикачете ја вашата омилена музика на неговиот/нејзиниот плеер или изрежете цеде

Кога вашиот партнер треба да заминува на некое патување, изненадете го со плејлиста од вашите омилени песни. Секоја од нив ќе го потсетува на вас.

Покажете му на вашиот партнер дека искрено го љубите


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Љубопитна новинарка со истражувачки дух, во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, без испеана песна и без малку возбуда не треба да ѝ помине ниту еден ден. Се релаксира со фина музика, длабок филм или прошетка во природа во добро друштво. Верува дека добриот совет и астрологијата ѝ помагаат да се разбере себеси и светот околу неа. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар