Одлични цитати за животот од познатите личности

Доброто нешто за животот е што некој бил тука и пред вас. И додека другите можеби не ги поминале истите препреки и не ги доживеале истите радости како вас, нивните совети сепак би можеле да ви бидат значајни. Погледнете ги наредниве неколку мисли од познатите личности од кои можете да извлечете добри совети за животот…

Одлични цитати за животот од познатите личности

 

„Никогаш не ограничувај се себеси поради ограничената имагинација на другите; никогаш не ограничувај ги другите поради твојата ограничена имагинација.“ – Мае Џејмисон, астронаут

Голем број од цитатите имаат тенденција да се фокусираат на она како ние се чувствуваме за другите и како ние се проектираме во овој свет, но оваа мисла е одлична бидејќи ни кажува дека не сме само ние оние кои не треба да се ограничуваат, туку исто така не треба да ги ограничуваме и другите.

Секој од вас има свој сопствен пат кој го следи во животот и гаснењето на туѓите свеќи нема да направи вашата да свети посветло. Ако некој има сон, секогаш обидувајте се да му бидете поддршка и да го сфаќате. Дајте им простор на луѓето да бидат оние кои навистина се.

„Ако не можете да го исфрлите скелетот од вашиот плакар, најдобро би било доколку го научите да танцува.“ – Џорџ Бернард Шо

Да бидеме реални, секој од нас има направено нешто во минатото на кое ни најмалку не е горд или кое нè покажува во многу лошо светло и токму поради тоа сакаме да го чуваме скриено. Но, понекогаш минатото знае на интересен начин да навлезе во нашата сегашност.

Одлични цитати за животот од познатите личности

Ова не значи дека треба да признаете буквално сè во врска со вашата историја, но сепак би требало да можете да го прифатите минатото како дел од вашето патување низ животот. Тоа е клучно за постанувањето на личноста која сте вие денес.

„Доколку поминувате низ пекол, продолжете со одење.“ – Сер Винстон Черчил

Седењето и жалењето за она што ви се случува нема да ви помогне да постигнете ништо. Па, ако поминувате низ тешки времиња, единственото нешто што можете да го направите е да продолжите да се движите напред, да не се откажувате и кога-тогаш ќе го видите крајот на тунелот.

„Можете да направите што било, но не сè.“ – Дејвид Ален

Понекогаш мислиме дека мораме да бидеме сè на сите и дека наша работа е да ги правиме сите околу нас среќни, но тоа едноставно не е можно. Истото важи и за животот, едноставно не можете да направите сè што сакате. Но, со сигурност можете да го постигнете она што сте го намислиле. Постои огромна разлика.

Одлични цитати за животот од познатите личности

 

„Луѓето често велат дека мотивацијата не трае. Па, не трае ни бањањето – затоа се препорачува секојдневно да се практикува.“ – Зиг Зиглар

Интересна, но вистинита мисла од велемајсторот за самопомош и позитивно размислување. За да се држиме до нашите цели и да го живееме животот кој го сакаме мораме секојдневно да се мотивираме.

Сè е во ред кога ќе започнете со вашиот проект, вие сте природно мотивирани и возбудени за идејата да напредувате во нешто ново, но ова чувство може многу брзо да избледи. Токму затоа е многу важно да ја одржувате вашата мотивација – секојдневно.

„Советот е она што го бараме кога веќе го знаеме одговорот што посакуваме да не сме го знаеле.“ – Ерика Јонг

Оваа изјава е целосно вистинита, нели? Понекогаш сме во потрага по одговорот што сакаме да го слушнеме, но кој не мора да значи дека е вистинит. Ова најчесто се случува кога бараме одговори онлајн. Не можеме да престанеме сè додека не го најдеме она што ние самите сме сакале да го прочитаме.

Одлични цитати за животот од познатите личности

Истото се случува и кога се обраќаме на нашите пријатели за совет. Понекогаш знаеме дека тие нема да ни ја кажат „голата“ вистина од страв да не нè навредат. Токму затоа понекогаш е подобро да се побара помош од некој кој не ве познава или кој е целосно надвор од ситуацијата.

„Доколку го гледате она што го имате во животот, вие секогаш ќе имате повеќе. Доколку го гледате она што го немате во животот, никогаш ништо нема да ви биде доволно.“ – Опра Винфри

Ова е одличен совет од кралицата на личниот напредок. Кога се фокусирате на оние нешта кои ги немате, секогаш сакате многу повеќе од она што веќе го имате. Но, ако застанете и почнете да ги цените сите оние нешта кои веќе ги имате, ќе сфатите дека имате многу повеќе од доволно.

„Некои луѓе го чувствуваат дождот, додека пак другите само се намокруваат.“ – Боб Марли

Некои луѓе го гледаат позитивното во сè, но некои се фокусираат само на оние негативните нешта. Сè во животот има своја цел, дури и оние наизглед негативни нешта. Дури тогаш кога ќе научите да ја гледате убавината во сè околу вас, ќе можете да го смените вашиот живот на подобро.

Одлични цитати за животот од познатите личности

 

„Животот е многу интересен… На крајот, некои од вашите најголеми болки стануваат вашата најголема сила.“ – Дру Баримур

Учиме толку многу во животот и некои од тие нешта кои ни биле најболни стануваат нашите најголеми лекции и извор на најголемата сила во нас.

„Доколку постои каква било порака што можам да ја извлечам од мојата работа, тоа е дека е многу ОК да бидете различни, дека е добро да се биде различен и дека треба да се запрашуваме себеси пред да одлучиме да осудиме некој кој изгледа различно, се однесува различно, говори различно и е различна боја од нас.“ – Џони Деп

Светот е место кое брзо се менува и како што се поврзуваме и физички и електронски преку интернетот, така ние неизбежно стапуваме во контакт со луѓе и култури кои се поразлични од нас. Но, многу е важно да не ги судите луѓето само поради тоа што се различни од вас. Секој од нас би требало да ги слави разликите, а не да ги исмејува.

Одлични цитати за животот од познатите личности

 

„Почитувајте го вашиот труд, ценете се себеси. Самопочитувањето води до самодисциплина. Кога ги имате овие 2 работи под вашиот каиш, тоа е вистинска моќ.“ – Клинт Иствуд

Оваа мисла кажува толку многу работи со толку малку зборови. Кога се почитувате себеси вие станувате многу помоќни. И кога ќе го достигнете тоа, нема цел која нема да можете да ја постигнете.

„Оној момент кога ништо не учите, јас мислам дека вие сте мртви.“ – Џек Николсон

Многу е важно да продолжите со учење, без разлика на тоа колку сте стари. Тоа не само што го одржува вашиот мозок, туку и ве одржува заинтересирани за нештата. Никој од нас не може да знае сè, секогаш постои уште нешто што може да се научи и што е прекрасно да се знае.

Одлични цитати за животот од познатите личности

 

„Многу луѓе се откажуваат непосредно пред да успеат. Никогаш не знаете кога следната пречка ќе биде и последна.“ – Чак Норис

Голем дел од луѓето се откажуваат точно пред последната препрека до нивната цел. Пораката од овој цитат е да продолжите да одите, бидејќи можеби сте многу поблиску до целта отколку што мислите. И секако, совет од Чак Норис не може да биде погрешен, нели? :)

„Не постои каење во животот. Само лекции.“ – Џенифер Анинстон

Животот е една серија од лекции, некои поголеми, некои помали, но сепак лекции. Нема потреба да се каете, дури и за оние нешта кои не излегле онака како што сте планирале. Сè тоа е дел од нашето искуство.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар