Очигледни знаци дека тој флертува со вас

Дали некогаш сте биле во ситуација во која не сте можеле да забележите дали момчето кое ви се допаѓа флертува со вас или пак, можеби сè е во вашата глава? Погледнете ги овие начини на кои можете со сигурност да препознаете дали тој е заинтересиран за вас или не.

1. Љубезна насмевка

Очигледни знаци дека тој флертува со вас

Љубезната насмевка е всушност многу добар знак кога станува збор за флертувањето. Таа е една од најсигурните начини да откриете дали тој е заинтересиран за вас. Доколку забележите дека тој ви се смешка, тогаш големи се шансите дека наскоро ќе ви пристапи.

2. Срамежливо руменило

Очигледни знаци дека тој флертува со вас

Сигурно веќе знаете како е да се флертува со срамежливи момци, но тоа не значи дека треба да ги одбегнувате. Доколку забележите дека бојата на неговите образи поруменува, тогаш тој со сигурност се обидува да флертува со вас. Токму затоа, ако сте заинтересирани и вие за него, олеснете му ја малку работата така што вие ќе му пристапите први.

3. Контакт со очи

Очигледни знаци дека тој флертува со вас

Овој знак е малку комплициран, но дефинитивно не би требало целосно да го отфрлите. Контактот со очите е клучен во комуникацијата и токму затоа е потребно да се користи како говор на телото што е можно повеќе.

Според тоа колку долго тој го одржува контактот со очите, можете да откриете дали е заинтересиран за вас или не. Доколку го одржува подолго од просечното, тогаш дефинитивно би можело да биде знак дека е заинтересиран. Но, имајте на ум дека доколку контактот со очи е прекраток, тоа исто така може да биде знак за заинтересираност од негова страна, но дека е премногу срамежлив да го покаже тоа.

4. Имитирање

Очигледни знаци дека тој флертува со вас

Понекогаш мажите ги имитираат движењата на жените без да забележат. Имитирањето е уште еден знак на флертување и може да опфаќа различни нешта, започнувајќи од трепкањето, па сè до начинот на говорење и смеењето. Сосема е природно да ги имитираме оние работи кои ни се допаѓаат и токму тоа е едно од нештата кои ја „издаваат“ заинтересираноста на одредени момци за вас.

5. Раце на колкови

Очигледни знаци дека тој флертува со вас

Доколку тој стои со неговите раце на колковите или ги сместува палците во отворите за каиш на неговите фармерки или пантолони, тогаш има големи шанси дека тој е заинтересиран. На овој начин, тој се обидува да ви покаже дека има висока самодоверба или дека едноставно е „вистински фраер“.


За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар