Нема да поверувате: Исушете го лакот за нокти за помалку од 1 минута

Колку пати ви се случило да ги лакирате ноктите и потоа во наредните неколку часа да не можете да сработите ништо? Сигурно ќе одговорите дека не го знаете бројот. Секако, најважен фактор за тоа е квалитетот на лакот и колку слоја сте нанеле. Во оваа прилика со вас ќе споделиме природно средство кое секогаш ќе ви се најде при рака и ќе ви помогне за минута да ви се исуши свежиот маникир.

1-nema-da-poveruvate-isushete-go-lakot-za-nokti-za-pomalku-od-1-minuta-www.kafepauza.mk_

Испробајте го овој метод и исушете го лакот за нокти за помалку од една минута на брз, лесен и едноставен начин.

Потребно ви е:
  • длабок сад
  • вода
  • неколку коцки мраз
Постапка:

1. Пред да започнете да ги лакирате ноктите, во плитка чинија нанесете ладна вода и неколку коцки мраз.

02-nema-da-poveruvate-isushete-go-lakot-za-nokti-za-pomalku-od-1-minuta-www.kafepauza.mk_

2. Излакирајте ги ноктите и кога ќе завршите ставете ги прстите во садот со водата и мразот.

03-nema-da-poveruvate-isushete-go-lakot-za-nokti-za-pomalku-od-1-minuta-www.kafepauza.mk_

3. Задржете ги прстите во садот околу една-две минути, а потоа извадете ги. Лакот ќе биде супер исушен, а вашите нокти прекрасни какви што сте ги посакувале.

04-nema-da-poveruvate-isushete-go-lakot-za-nokti-za-pomalku-od-1-minuta-www.kafepauza.mk_

Напомена:

Процесот на ова сушење зависи од лакот кој го користите и од тоа колку слоеви имате нанесено.

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар