Не залажувајте се: Овие 3 диети немаат никаков ефект!

Интернетот е полн со различни совети за тоа како најбрзо и најефикасно да ги изгубите непосакуваните килограми и за тоа која диета е најдобра за вас. Сепак, не смеете да им верувате на сите совети што ќе ги прочитате. Во продолжение прочитајте ги 3-те најлоши диети што се препорачуваат за брзо слабеење, но во реалноста немаат никаков ефект!

1-ne-zalazhuvajte-se-ovie-3-dieti-voopshto-nemaat-nikakov-efekt-www.kafepauza.mk_

1. Диета со зелка

Многу познатата диета со зелка главно се базира на супа, овошје и зеленчук. Додека сте на оваа диета можете навистина да изгубите неколку килограми, но, тие ќе се вратат веднаш штом почнете да јадете нормално.

2. Грејпфрут диета

Грејпфрут диетата е прилично строга и дозволува само незасладен сок од грејпфрут, црно кафе, зеленчук (без компир, пченка, морков и цвекло), риба и месо. Оваа диета се заснова на уверението дека грејпфрутот ги „согорува мастите“. Да, овој режим на исхрана помага да изгубите некое кило, бидејќи подразбира силно намалување на калориите, но скоро е невозможно да се одржи стабилна тежина штом се вратите на нормалната исхрана.

3. Диета со пет залаци

Диетата со пет залаци се заснова на јасно поделена исхрана на пет мали порции. Помеѓу оброците се препорачува да пиете многу вода. Иако оваа диета ја пофалија и ја одобрија многумина нутриционисти, важно е да обрнете внимание на соодветните големини на порциите и нивната содржина. Во спротивно, доколку не внимавате, овој режим на исхрана може да доведе до сериозно изгладнување.

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар