5 видови панталони што совршено ќе ги заменат вашите омилени фармерки

Изгледа тексас моделите го губат своето место на модниот врв и останатите материја полека но сигурно се искачуваат нагоре. Сите ние сакаме тексас и постојано го носиме со задоволство, но понекогаш треба да ги тргнеме настрана омилените фармерки и да облечеме нешто друго што ќе направи да изгледаме совршено. Ако им верувате на модните дизајнери, следниве 5 модели на панталони ќе изгледаат одлично на вас и на најдобар можен начин ќе ги заменат вашите омилени фармерки.

1-5-vida-na-pantaloni-koi-sovrsheno-kje-gi-zamenat-vashite-omileni-farmerki-www.kafepauza.mk_

Широките панталони до половина листови се доста популарни оваа сезона, особено кога се направени од кожа. Овие здолниште-панталони во црна боја се одлични за некои поелегантни, но и женствени комбинации, односно тие ќе бидат совршен избор доколку ви се потребни за некоја таква прилика.

2-5-vida-na-pantaloni-koi-sovrsheno-kje-gi-zamenat-vashite-omileni-farmerki-www.kafepauza.mk_

Но, овие панталони ќе бидат добро парче облека и во лежерните комбинации. Комбинирајте ги со некој џемпер или туника, а кога станува збор за обувките одлучете се за патики или еспадрили. Оваа комбинација ќе ви помогне да изгледате како најдобрите, светски блогерки.

Оваа сезона, односно оваа есен, доста популарни ќе бидат таканаречените ѕвонарки, но направени од некој елегантен материјал и со висок струк. Во комбинација со некој топ, кошула, чевли со висока потпетица, капут или наметка ќе направат да изгледате многу атрактивно. Надополнете ја целата комбинација со неколку детали што ги сакате и спремни сте за излегување!

5-5-vida--pantaloni-koi-sovrsheno-kje-gi-zamenat-vashite-omileni-farmerki-www.kafepauza.mk_

Оваа есен ни носи еден материјал на кој малку се подзаборави – сомотот. Сомотните панталони ќе бидат во тренд оваа сезона и ќе го надополнат вашиот изглед на еден модерен начин. Станува збор за совршен материјал за есенските и зимските денови, односно секоја ваша комбинација ќе изгледа топло, но и атрактивно.

Ако веќе ги менуваме фармерките, тогаш да ги замениме со некој материјал што навистина остава впечаток. Изборот честопати паѓа на кожата, што е многу добро. Оваа есен облечете тесни, кожни панталони кои беа хит и во претходните сезони, односно обидете се да ги комбинирате со некоја блуза, чизми до глуждовите и капут со интересен дезен. Во оваа комбинација ќе изгледате апсолутно совршено.

7-5-vida-na-pantaloni-koi-sovrsheno-kje-gi-zamenat-vashite-omileni-farmerki-www.kafepauza.mk_

Кожните панталони се совршени за да ги „зачините“ елегантните комбинации, но исто така, тие се одличен „сопатник“ и во лежерните, опуштени комбинации кои можете да ги носите во текот на денот кога ќе одите на прошетка или пак, на кафе со пријателите.

8-5-vida-na-pantaloni-koi-sovrsheno-kje-gi-zamenat-vashite-omileni-farmerki-www.kafepauza.mk_

И оваа сезона, широките долги панталони ќе бидат атрактивни во секоја комбинација на современата и модерна жена. Можете да ги комбинирате во лежерна или пак во елегантна варијанта. Доколку се одлучите за лежерна варијанта, наш предлог е да ги комбинирате заедно со патики и блуза, а можете да облечете и кожно палто. Доколку вашиот избор падна на втората варијанта, тогаш спојте ги со кошула, високи потпетици и капут. Овој модел на панталони е совршен избор за секоја дама, бидејќи освен одличниот изглед, тие се добар дел од секој стил, па лесно можете да комбинирате.

9-5-vida-na-pantaloni-koi-sovrsheno-kje-gi-zamenat-vashite-omileni-farmerki-www.kafepauza.mk_

10-5-vida-na-pantaloni-koi-sovrsheno-kje-gi-zamenat-vashite-omileni-farmerki-www.kafepauza.mk_

Уште еден модел, кој припаѓа на класичните комбинации се тесните панталони до зглобовите. Меѓутоа, иако се елегантни, тие совршено ќе се вклопат и во секојдневните комбинации, а комбинирајте ги со патики или еспадрили. На овој начин ќе создадете совршен спој на спортското и елегантното.

11-5-vida-na-pantaloni-koi-sovrsheno-kje-gi-zamenat-vashite-omileni-farmerki-www.kafepauza.mk_

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар