Не можете да заспиете навечер? Најдобро е да дремнете пред да одите на спиење!

Дали сакате да си дремнувате? Нема ништо подобро од краткиот одмор, па дури и да трае само неколку минути. Доколку сте ноќни птици, сигурно постојано чувствувате недостаток на сон. Меѓутоа, постои еден интересен трик што ќе ви помогне да ја победите несоницата. Пред да си легнете на креветот и да потонете во длабок сон, зошто да не дремнете на каучот? Ова се причините зошто би требало уште вечерва да го сторите тоа…

Не можете да заспиете навечер? Најдобро е дремнете пред да одите на спиење!

Најверојатно сте уморни!

Сите извршуваме различни задачи во текот на денот. Можеби работите во некаква индустрија, држите часови во училиште или по цел ден работите во болница. Работата во вакви средини ги истрошува мускулите и го изморува целото тело. Токму затоа, откако ќе завршите со вечера, не двоумете се дали да дремнете на каучот, бидејќи на тој начин ќе ги опуштите мускулите пред да одите на спиење. Ова особено ќе ви помогне доколку имате болки во грбот и не можете да заспиете навечер. Ако поспиете на каучот 1-2 часа, ќе ја ублажите болката во мускулите и ќе заспиете како бебиња веднаш штом легнете на кревет.

Ќе ви помогне да го чуете алармот

Дали често ви се случува да го пропуштите утринскиот аларм? Доколку одговоривте потврдно, тогаш добра идеја е да дремнете пред да одите на спиење. Наместете аларм што ќе ве разбуди кога ќе дојде време за да си легнете во кревет. Имајте на ум дека иако каучот ви делува удобно, не може да го замени комфорот што го нуди креветот. Токму затоа, многу е важно да си легнете навреме во кревет. Најдобро е да одите на спиење по 1-2 часа дремнување. Со текот на времето, ќе се навикнете на алармот и будењето наутро ќе ви биде многу полесно.

Ова е само продолжување на спиењето!

Дали ви требаат неколку часа пред да заспиете во кревет? Колку време зјапате во таванот пред да заспиете конечно? Можеби ќе ве изненади фактот што тоа е првиот знак за недостаток на сон. Ако почнете да спиете на каучот, ќе забележите неколку промени во вашите навики за спиење:

  • Многу полесно ќе ви биде да си легнете рано.
  • Ќе спиете во текот на целата ноќ.
  • Ќе уживате во непрекинат сон исполнет со прекрасни соништа!

Секако дека постојат многу други работи што можете да ги направите доколку не можете да заспиете навечер. Но, вреди да го примените овој метод и да дремнете пред да одите на спиење, наместо да дремнете во кој било друг дел од денот. Којзнае, можеби токму ова ќе ви помогне да си го подобрите сонот?!

Во продолжение, прочитајте зошто луѓето кои редовно дремнуваат имаат подобро расположение.

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар