Кои навики во исхраната можат да доведат до несоница?

Кои навики во исхраната можат да доведат до несоница?

Сите знаеме колку е сонот важен за менталното здравје и нормалното функционирање на телото. Сепак, дали знаевте дека одредена храна која ја консумирате навечер може да доведе до несоница па дури и до хронични проблеми со спиењето? Во продолжение прочитајте за кои навики во исхраната станува збор.

Кои навики во исхраната можат да доведат до несоница?

Премногу кофеин

Кофеинот е познат по своите стимулирачки ефекти. Оваа природна супстанца која се наоѓа во кафето, чајот, чоколадото, одредени додатоци во исхраната и разни други производи, ги блокира мозочните рецептори за аденозин, хемикалија која го поттикнува спиењето. Прекумерното консумирање доведува до проблеми со спиењето, а својот потенцијал го достигнува околу 30-60 минути по консумирањето. Затоа, размислете колку и кога пиете вакви пијалаци.

Енергетски пијалаци

Енергетските пијалаци во никој случај не се добра идеја ако се ближи времето за спиење, а и онака не се препорачуваат. Сепак, ако ви се допаѓаат, пијте ги во текот на денот за да избегнете нарушување на сонот.

Зачинета храна

Нема ништо лошо во повремената полноќна ужина. Но, за подобар одмор и мирен стомак, избегнувајте кари и многу зачинета храна. Одлучете се за зачинета храна за време на ручекот и придржувајте се до поблага храна за време на вечерниот оброк.

Внесувате премногу заситени масти

Истражувањата покажале дека зголеменото консумирање на заситени масти во текот на денот предизвикува лош квалитет на сон во текот на ноќта. Сепак, не сите масти му пречат на сонот. Докажано е дека омега-3 масните киселини благотворно делуваат врз сонот. Намирниците како лененото семе, оревите, туната и лососот се богати со овие масни киселини.

Внесувате премногу рафинирани јаглехидрати

Исхраната богата со рафинирани јаглехидрати може да го зголеми ризикот од зголемување на телесната тежина, срцеви заболувања и дијабетес. На оваа листа можете да додадете и уште една негативна страна – несоница. Според едно истражување од 2019 година, постарите испитаници кои консумирале големи количини на рафинирани јаглехидрати (бел леб, колачи и тестенини) се соочувале со повеќе тешкотии да заспијат навечер. Едно од објаснувањата за врската помеѓу рафинираните јаглехидрати и лошиот сон е дека овие типови јаглехидрати брзо го зголемуваат нивото на гликоза во крвта. Високата гликоза во крвта, пак, се поврзува со нарушувања на спиењето, како што се апнеја при спиење и несоница.

Откако прочитавтекои навики во исхраната можат да доведат до несоница, можеби ќе сакате да прочитате и кои 10 намирници ќе ви овозможат подобар сон.

Извор: ljepotaizdravlje.hr


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар