Направете едноставен пилинг за лице што е создаден токму за вашиот тип кожа

За сами да направите едноставен и доста ефикасен пилинг за лице потребни ви се само неколку состојки кои со сигурност ги имате во вашиот кујнски орман. Па, што точно треба да одвоите за подготовка на оваа домашна маска?

Шеќер или сол?

За да направите добар и соодветен пилинг за вашето лице, најпрво ви е потребен добар чистач кој ќе помогне што подобро да се исчисти лицето, а за таа намена обично се користи сол или шеќер. Шеќерот е помалку абразивен, бидејќи полесно се топи за разлика од солта, а кафеавиот шеќер се препорачува за оние кои имаат чувствителна кожа. Од друга страна пак, солта многу делотворно ќе ги отстрани остатоците од мртвите клетки од кожа.

Малку масло…

Следната состојка која ви е потребна за добар пилинг е маслото, а обично се користи маслиново, бадемово, авокадово, кокосово или масло од шафран. Маслото од шафран се користи за надразнета и чувствителна кожа. Маслиновото масло е совршено за сува кожа и нема да ги затвори порите, додека бадемовото масло го намалува негативното влијание од УВ зраците. Маслото до авокадо е многу богато и совршено е за хидратација. И на крај, но не и најмалку важно, кокосовото масло кое е преполно со антиоксиданси кои го спречуваат стареењето, и погодно е за сите видови на кожа.

Тајната состојка

Откако го избравте маслото и чистачот за пилингот, задолжително ставете и една од овие 5 намирници кои топло ви ги препорачуваме. Секоја од нив има својства кои придонесуваат за корист на кожата, правејќи ја да изгледа здраво и младолико. Ако во вашиот пилинг додадете овошје или зеленчук, ќе го намалите рокот на траење на пилингот, па затоа ќе биде потребно да го чувате во фрижидер.

Киви – го изедначува тенот и ја храни кожата.

Јагоди – најдобри се за пилинг кој се користи навечер, богати се со витамин Ц.

Ананас – се препорачува за кожа која е склона кон акни и лупење.

Домат – содржи ликопен кој ја чува кожата од УВ зраци.

Краставица – го намалува задржувањето на вода и надуеност, односно кожата изгледа одморено.

2-napravete-ednostaven-piling-za-lice-koj-e-sozdaden-za-vashiot-tip-na-kozha-www.kafepauza.mk_

Како да го направите овој пилинг?

Потребни состојки:
  • Шеќер или сол
  • Масло
  • Овошје или зеленчук
Начин на подготовка:

Земете една тегла со вообичаена големина и сипете во неа сол или шеќер, така што да се наполни околу 3/4 од теглата. Потоа додајте го маслото кое треба да биде дупло помалку од чистачот. Со други зборови, на две лажички шеќер, одговара една лажичка масло.

Сето ова добро измешајте го, а потоа додајте го овошјето или зеленчукот кое претходно сте го исечкале и со помош на толчник гмечете го за сè добро да се соедини. Немојте премногу да мешате, бидејќи не сакате „чистачот“ во целост да се растопи.

Пилингот нанесувајте го неколку пати неделно, така што со него ќе ја масирате кожата на лицето неколку минути, а потоа измијте со млака вода.

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар