Совети за сите џентлмени: Воодушевете ја вашата сакана со едноставни гестови

Совети за сите џентлмени: Воодушевете ја вашата сакана со едноставни гестови

Во денешното современо општество, многу урбани девојки веруваат дека кавалерството постои само во книгите и на филмовите. Но, тоа не е воопшто точно. Постојат вистински џентлмени во светот, само што вие сѐ уште не сте го пронашле вашиот. Не треба да ја губите вербата дека навистина постојат оние херои кои можат да ви го стопат срцето, а мажите не треба никогаш да забораваат на нивните манири благодарение на кои ќе можат да ја освојат секоја девојка. Прочитајте кои секојдневни гестови можат секој маж да го претворат во принц на бел коњ…

Отворајте врати

Совети за сите џентлмени: Воодушевете ја вашата сакана со едноставни гестови

Знаеме дека момците не се вратари, меѓутоа доколку не ве мрзи да излезете од автомобилот и да ѝ ја отворите вратата на вашата дама, ќе оставите впечаток на внимателен и добро воспитан маж. На девојките им е многу важно да се чувствуваат безбедно и пријатно. Секоја девојка ќе го цени овој гест, иако делува безначајно.

Понудете ѝ го последното залче храна

Совети за сите џентлмени: Воодушевете ја вашата сакана со едноставни гестови

Сите знаат дека патот до срцето на мажот е преку стомакот. Но, доколку мажот ѝ го понуди последното залче од оброкот на девојката, тоа ќе ја потврди неговата искрена љубов и грижа кон неа. Оваа мала „жртва“ навистина кажува многу за еден маж.

Поминувајте повеќе време со нејзиното семејство и пријатели

Совети за сите џентлмени: Воодушевете ја вашата сакана со едноставни гестови

Доколку мажот навистина сака да ги разгледа сите ваши фотографии од детството, да ги чуе смешните приказни за вашите браќа и сестри и да поминува време со вашите родители наместо да игра фудбал со другарите за време на викендот, можете да бидете сигурни дека тој е вистинскиот. Момците треба да знаат дека дури и малите гестови на внимание покажуваат колку ја ценат фамилијата на нивната сакана, а тоа е многу важно за понатамошниот развој на врската.

Запознајте ја со сите

Совети за сите џентлмени: Воодушевете ја вашата сакана со едноставни гестови

Вистинскиот џентлмен знае дека доколку не ја претстави неговата дама кога случајно ќе се сретне со некој пријател и наместо тоа почне да си разговара со него додека таа чека, девојката ќе се почувствува непожелно. Внимателниот маж никогаш нема да дозволи да дојде до ваква ситуација, бидејќи тој се грижи за неговата девојка и сака да ѝ биде пријатно.

Подарувајте подароци без повод

Совети за сите џентлмени: Воодушевете ја вашата сакана со едноставни гестови

На модерните принцови не им треба посебен повод за да ѝ подарат цвеќиња или некој мал подарок на нивната девојка. Еден обичен ден тој се враќал од работа, забележал прекрасен букет, се сетил на неговата девојка и решил да го купи бидејќи знае колку ваквиот едноставен гест ќе ја израдува. Прекрасно сценарио, нели?

Секогаш заштитувајте ја

Совети за сите џентлмени: Воодушевете ја вашата сакана со едноставни гестови

Уште еден мал гест што ретко која девојка го забележува. Мажот кој ќе одбере да оди на работ од тротоарот до улица, каде што поминуваат автомобилите, е маж кој сака да ја заштити неговата принцеза од сите неочекувани ситуации. Нема сомнеж дека станува збор за вистински џентлмен!

Бакнувајте ја во челото

Совети за сите џентлмени: Воодушевете ја вашата сакана со едноставни гестови

Кога мажот ги искажува чувствата со тоа што нежно ќе ја бакне саканата во челото, тоа значи дека тој е навистина приврзан за неа. А таа, пак, ќе биде неверојатно среќна што ја почувствувала неговата љубов и грижа.

Секогаш помагајте ѝ да го облече палтото

Совети за сите џентлмени: Воодушевете ја вашата сакана со едноставни гестови

Секако дека жените се способни сами да си го облечат палтото, но тука не станува збор за тоа дали можат или не можат да го направат тоа. Мажот со добри манири секогаш ќе го придржи палтото за неговата сакана и ќе ѝ го даде неговото кога ќе ѝ биде ладно.

Па, момци, од ова можете да видите дека навистина не е тешко да ја направите вашата сакана среќна и задоволна. Девојките знаат да ги ценат овие мали гестови и верувајте дека тие нема да поминат незабележани. Секако дека за вистински џентлмен потребна е и вистинска дама, така што обидете се да ја направите добитничката комбинација и да ја пронајдете вашата друга половина која ќе знае да ве цени и почитува.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар