Најсилни се жените кои страдаат од анксиозност

Најсилни се жените кои страдаат од анксиозност

Тие водат постојана битка со анксиозноста. Нивната анксиозност е како чудовиште што им натежнува на рамото, им вели дека се слаби и дека треба да молчат. Нивната анксиозност е е толку интензивна што понекогаш им вели да не стануваат од кревет, но сепак успеваат да го направат тоа. Понекогаш ѝ дозволуваат на анксиозноста да победи и тоа е сосема во ред, но кога можат да ја игнорираат, даваат сѐ од себе за да го сторат тоа. Тие се силни бидејќи и покрај сите потешкотии со кои се соочуваат, тие одбираат да продолжат понатаму.

Најсилни се жените кои страдаат од анксиозност

Тие дишат, се смеат и стојат цврсто на земја. Знаат дека многу полесно би им било кога би ги откажале плановите и кога не би излегле со пријателите и понекогаш навистина го прават тоа. Си ги знаат своите граници и токму тоа ги прави силни. Меѓутоа, секогаш го прават она што мораат да го направат. Тие ги завршуваат своите задачи и преземаат обврски што никогаш не би ни помислиле дека можат да ги извршат.

Анксиозните жени се многу самосвесни, бидејќи им се чини дека сите ги зјапаат и го осудуваат секој нивен чекор. Но, тоа не ги спречува да продолжат понатаму. Тие не им дозволуваат на мрачните мисли да надвладеат со позитивните. Тие се подготвуваат за нештата што ги очекуваат и го игнорираат туѓото мислење. Тие се многу храбри.

Понекогаш се чувствуваат инфериорно, но не се. Тие се борци и се трудат многу повеќе од останатите, поради што успеале да стигнат многу далеку. Тие секој ден излегуваат од нивната удобна зона и ги извршуваат обврските без да се пожалат. Тие се секогаш загрижени и нервозни иако никој не го забележува тоа.

Анксиозните жени наоѓаат храброст да го кажат она што го мислат и тоа е навистина неверојатно. Девојките кои страдаат од анксиозност се силни без оглед на тоа што го мисли остатокот од светот. Тие се борат со такви чудовишта што обичните луѓе не би можеле да ги поднесат ниту еден ден. Ако забележите дека некој анксиозен човек излегува и активно го живее животот, треба да знаете дека тој тогаш победува во битката со тие чудовишта.

Немојте да мислите дека можете да разберете низ што поминуваат другите. Само затоа што некој се однесува нормално и има насмевка на лицето, не значи дека не може да се распадне во секој момент. Сите ние се справуваме со некаков проблем и сите ние сме силни на некој начин. Немојте да ги потценувате анксиозните жени, бидејќи тие се силни, многу посилни од сите други луѓе во светот.

Во продолжение прочитајте зошто само најсилните луѓе страдаат од анксиозност.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар