Направете ги овие нешта до крајот на 2017-та година и очекувајте унапредување во 2018-та!

Направете ги овие нешта до крајот на 2017-та година и очекувајте унапредување во 2018-та!

Оваа година полека се приближува до крајот. Доколку имате планови и сакате да напредувате – подгответе се да направите неколку клучни чекори во финишот на годината. Како и секогаш, ние сме со вас!

1-5-raboti-koi-treba-da-gi-napravite-na-rabotnoto-mesto-do-krajot-na-2017-ta-godina-www.kafepauza.mk_

1. Променете ја перспективата

Не сте избрани за работата за која знаете дека би биле идеални? Повторно некој друг е унапреден, а вие се чувствувате дека сте заслужиле повеќе? Според Франческа Исели, авторка на книгата „Перцепција“, не се знаењето и вештините она што треба да го промените, туку вашите мисли.

„Она што си го порачувате себеси се отсликува на сѐ околу вас, од на начинот на кој влегувате на разговорот за работата, до тоа што го мислите во тој момент. Вашиот најголем непријател всушност може да биде вашиот внатрешен глас, скептикот во вас кој прави да се чувствувате несигурно, па и другите почнуваат да ве гледаат на тој начин. На пример, замислете дека сте заминале на планинарење и одеднаш почнало да врне. Можете на таа ситуација да гледате како тотален пропаст и да бидете тажни во наредните два дена, а може и во неа да препознаете почеток на нови авантури“, порачува Исели.

Нашата внатрешна перспектива има неверојатно влијание врз текот на работите кои ни се случуваат. Не можете да ги контролирате сите околности, но можете да го промените вашиот поглед на нив. Дајте сѐ од себе и чувајте го позитивниот став.

2. Бидете безобразни

Епитетот кој го користел Доналд Трамп при спомнувањето на Хилари Клинтон – дрска жена, многу брзо добил силно значење и позитивна конотација. Слободно понекогаш бидете малку безобразни! Како тоа да го пренесете на работата? Така што нема да толерирате дискриминација, непристојни коментари и мизогинија. Не е работата во тоа дека треба да бидете дрски, туку едноставно да не бидете премногу фини. Престанете да се извинувате и користете ја вашата моќ за да постигнете добро за себе и за другите. Бидете моќна дама – онаа која не се откажува. Таа знае што сака, не се предава, оди до крај и не толерира шовинизам.

3. Преиспитајте ја вашата емоционална интелигенција

Можеби имате високо IQ, и тоа е одлично, но она што влијае на вашиот напредок од 9 до 5 е всушност вашата емоционална интелигенција. Силното EQ не само што ви помага ефикасно да го контролирате сопственото однесување и емоциите, туку влијае и на начинот на кој се борите со стресот и тензијата на работното место. Доброто EQ ви овозможува во секоја активност да градите смислени врски, без разлика дали се дружите на паузата за кафе, или пак да работите заедно на некој проект. Доколку сте конструктивни, трудољубиви, фокусирани и сочувствителни, лесно ќе изградите односи од кои можете да напредувате.

2-5-raboti-koi-treba-da-gi-napravite-na-rabotnoto-mesto-do-krajot-na-2017-ta-godina-www.kafepauza.mk_

4. Ако чувствувате љубомора, искористете ја!

Зависта понекогаш може да биде силен мотиватор доколку научите да ја контролирате. Ако сте како секое човечко суштество, сигурно досега повеќепати во животот сте ја искусиле љубомората. Можеби звучи малку тинејџерски, но сигурно сте се сретнале со совршената девојка и нејзината совршена коса, со совршено момче и унапредување кое ја следи каде и да тргне. Зависта не е најздрава реакција, но некогаш е неизбежна. Кога веќе се чувствувате така, тогаш барем извлечете некоја корист од тоа. Согледајте што најмногу ве мачи, па така ќе дознаете многу работи за себе – особено што е тоа што толку го сакате во вашиот живот.

Интроспекција

Љубомората не се јавува заради другите, туку заради нас самите. Негативните чувства се создаваат заради нешто што некој друг има, а што ние го цениме и сакаме за себе, бидејќи не го поседуваме. Нека тоа ви биде будилник, повик да согледате што ви недостига и да ги направите првите чекори кон пронаоѓањето начин за и вие да го добиете истото.

Одредете цели

Кој е тој квалитет кој го препознавате кај другите, а вие го немате? Преземете практични чекори за и вие да ги добиете тие особини. На пример, тргнете на курс за јавен настап доколку сметате дека некој подобро и послободно се изразува од вас. Не е лесно да се изборите со чувството на љубомора, но обидете се да се фокусирате на желбата и целта, а не на зависта заради туѓиот успех. Искористете ги тие чувства како стартер за сопствен развој.

5. Замолчете го внатрешниот критичар

Помислете само на Ема Вотсон – таа е успешна во сите области кои ги допрела. Од дипломирање на престижен универзитет, беспрекорна улога во римејкот на приказната „Убавицата и ѕверот“, до сериозен активизам во рамките на работата на УН. Па, зошто тогаш во неодамнешното интервју изјавила дека се чувствува како измамник – спомнувајќи го синдромот на измамник, заради кој ѝ изгледа дека ништо што направила не е вистински вредно и не успева тоа да го доживее како лично постигнување. Синдромот на измамници често ги погодува успешните жени и прави да се чувствуваат лошо во својата работа на прифаќајќи ги сопствените успеси и квалитети како своја реалност. Доста беше со сомневањето и прикривањето, станете најгласна навивачка на работното место, секако во ваша корист.

Прочитајте ги и овие совети кои ќе ви помогнат да бидете посреќни на вашето работно место.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар