Многу прашања, малку одговори, создадете решенија!

Автор: Ана

Она што сакам да го споделам со вас денес е поставено под секторот „Уметност“; ликовна уметност, театар, кино, опера и балет… Пред некоја вечер почнав да размислувам: Зошто изложбите, претставите и културните случувања се многу ретко посетувани од народов? Сосема легитимно си го поставив прашањево. Знам од лично искуство дека на ваквите случувања се појавуваат само одредени луѓе, една група на љубители на уметноста. Да постојат, но се малку! Па оттука се запрашав, зошто само тие? Зошто да не дојдат и оние кои немаат големо познавање за уметноста? Зарем ќе им пречи да погледнат парче уметност?Многу прашања, малку одговори, создадете решенија!Од друга страна пак, ми текна… Можеби и не се доволно информирани за ваквите случувања низ градот… Можеби треба да постои поголем ангажман за рекламирање на истите… Како и да е, тажно ми е што иако можеме самите да си помогнеме за подигање на културното ниво во земјава, ние си одмагаме. Тажно е што нашите уметници прават повеќе изложби надвор од Македонија и таму им се попосетувани од тука, тажно е што нашите театарски претстави се повеќе гледани и ценети од странската публика, отколку од  домашната. Искрено, се сомневам во тоа  дека луѓево и ги знаат воопшто овие работи…

Свесна сум дека нашава музичка естрада не е нешто посебно, но сепак имаме неколку кои вредат за нашето внимание и поддршка, а сепак се појавуваат еднаш во пет години, со концерт или нов албум кој и така нема да биде нешто посебно баран. На крајот на краиштата, па и самите артисти губат желба да креираат и создаваат, кога на крај нивното дело не е доволно ценето. На прашањето „Зошто не ги посетувате театрите?“ , скоро секогаш истиот одговор „Нема услови, театарот е пред распаѓање “. Да пред распаѓање е, но поради ваквите размислувања! Па вие не одите таму да ги гледате столиците и да видите дали избришале прашина! Одите да погледнете и уживате во она што актерите го спремиле за вас…

Исто така се запрашав што се случува со младите уметници, глумци, артисти…? Што се случува со нивната иднина…? Како реагираат тие, кога гледаат каков одзив дава народот на она што тие го љубат и почнуваат да го создаваат…? Тажно е. Воопшто не ме радува фактот дека не постојат многу луѓе кои ќе им посветат внимание какво што всушност заслужуваат.

Многу прашања, многу размислувања, а малку одговори. Сепак има решенија. Не треба да се откажуваме. Уметноста е секаде околу нас. Треба да ја цениме и почитуваме. За нас младите уметници и покрај сè, не постои место за грижа, ако некој не сака да дојде и да го испочитува вашето дело, вие однесете го кај него. :)

Драги мои, ви дадов тема за размислување… Можеби токму некој од вас некогаш ќе ја има можноста да ги промени овие работи, ако се случи тоа не се двоумете да преземете нешто… Дотогаш, посетувајте ги театрите, изложбите, претставите! Сите тие луѓе кои работеле на нив, дале дел од себе за да ви го направат вам денот поинтересен, дале дел од себе за да ви пренесат нешто, не го одбивајте!

Недела е прекрасен ден за да ја посетите уметноста во вашиот град. Направете си кафе и пиејќи го размислувајте што ќе посетите. Има многу настани кои чекаат на вас!
.

Пабло Пикасо рекол:
„Уметноста ја брише прашината од секојдневниот живот.“

Дајте му свежина на вашиот!

До следното читање,

Ви посакувам убав ден,

Со љубов насликана од сè срце,

Ана

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. Elena Reply

    Jas posotojano se zalagam za sto pocesto psoetuvanje na site ovie ubavi nesta koi ne ispolnuvaat duhovno! Steta sto taa navika kaj lugeto e mnogu mala. Nesfatlivo mi e koga ke gi cujam deka so indeks za 150 den mozat da posetat pretstava, a ke recat: skapo e??? Skapo e??? Porano se nervirav, no gledam koga malku poveke ke pokrenes inicijativa i lugeto ke sfatat deka navistina ima nesto posebno so samoto vleguvanje vo teatar se pojavuva interes..poleka no sigurno!

    Samo eden moment ne mi e jasen: da ne se pocituva dress code vo teatar, opera,balet ili kocencert na klasicna muzika…Smetam deka nekoi nesta treba da se pravat so stil:)

    Pozdrav do tebe i do site onie koi tvojata “Umetnost` ke gi pottikne na ubavo kulturno popladne!

  2. 529 Reply

    Секога чест за сликата која ја долови со оваа колумна. Морам да напоменам дека сите колумни на кафе пауза имаат одлични приказни, одличен израз и мошне шармантен став.
    Но, она што сакав да го потенцирам со мојот пост е дека, нашите уметници имаат убава промоција, доволна. На МРТ и на А1 постојано има реклами за културните случувања во Скопје, воедно и на актуелните емисии Бекстејџ и Ексклузив е презентиран репертоарот на балетот и театарот.
    Туку, ние пусти македонци и сиромави балканци, на никој од младите не би му фатило око ниеден флаер ниеден постер или било каква раклама доколку не се работи за ништожни фолк- диви. Пустиот наш менталитет не гледа ништо освен турбофолкот и ефтиното пијанчење на претходно споменатите. Секоја чест за исклучоците.
    Поздрав.

  3. Ана Reply

    Ви благодарам на убавите коментари. Драго ми е и ме радува што колумната ве поттикна да го поделите вашето мислење со нас. Продолжете и понатака со позитивниот став и почитта кон нашата уметност, затоа што навистина има што да ни понуди.
    Поздрав,
    Ана

  4. Мало Reply

    Слабо се информирани луѓето. Јас како историчар на уметност во последен момент дознавам за изложби и давам се од себе за да ги сменам плановите и да можам да ги посетам тие изложби. Треба и многу повеќе внимание од медиумите за културните настани, без разлика какви.. дали е тоа за театарски изведби, музички настани или ликовни изложби

  5. Oliver Reply

    Jas povekje problemot za slobo posetenite kulturni manifestacii gledam vo nemanjeto navika kaj lugjeto da vodat vo dom na kultura i da vidat nesto poinakvo od sekojdnevjeto. Navikata se stvara od mali noze od pretskolska i skolska vozrast.. Ne mozes na magareto da mu kazes “odi preku mostot” ako od malo ne e nauceno da odi preku nego. Decata se prenatrupani so nastava so materijal za ucenje..skolite nemaat odvoeno eden skoslki cas da gi odnesat decata vo teatar tuku samo uci uci uci.. druga rabota e sepak ambientot i ruiniranosta na centrite za kultura pa sepak nie ne sme otideni da vidime od koga ne e izbrisano prasina ama da te siba veter i da ti kapi dozd nad glava i toa ne biva.sto ke vides od teatar.. Slaboto informiranje ne go gledam za problem koj saka ima internet moze da vidi za edna godina unapred koj ke e repertoarot taka da toa ne e opravduvanje deka narodot e slabo informiran.. taka da zemajte gi decata za raka i vodete gi vo teatar.. ne utre..uste denes.. pozdrv

Остави коментар