Митови за бракот што може да ви ја уништат вашата врска

Веднаш штом двајцата партнери ќе се одлучат за брак, тие постојано слушаат работи за тоа како треба да изгледа нивниот живот. Тука се пријателите и семејствата кои ви кажуваат што би требало да толерирате, а што не. Но, многу од овие верувања може да бидат штетни за вашиот брак и да водат кон погрешен пат. Погледнете ги овие неколку митови што може да уништат многу здрави врски, само затоа што паровите веруваат дека постои нешто погрешно.

Митови за бракот што може да ви ја уништат вашата врска

Слушањето ви го спасува бракот

Според доктор Џон Готмен, активното слушање и решавањето на конфликтите во бракот не функционираат секогаш. Истражувањето покажало дека дури и по користењето на техниката за активно слушање, паровите сѐ уште имале недоразбирања. Некои парови кои имале корист, за една година повторно се вратиле на истата ситуација од претходно. Активното слушање бара голем напор. Не дека ова е бескорисно, но сепак, не е докажано дека „подоброто“ или пореткото карање може да ви донесе позитивни резултати.

„Дури и во среќен брак, паровите може да имаат натпревар во викање – гласните аргументи не мора да значи дека му штетат на бракот“, вели доктор Џон Готмен.

Бракот се уништува поради личните недостатоци

Многу добро е познато дека никој не е совршен и секој има одредени недостатоци. Но, тоа не треба да значи дека истите би биле причина за развод. Многу е важно паровите истите да ги разберат и да ги прифатат, да се обидат да се справат со нив и потоа да одлучат дали тоа е нешто што може или не може да се издржи. Толеранцијата помеѓу партнерите и справувањето со меѓусебните слабости со почит, внимание и љубов, може да води кон среќен и здрав брак.

Митови за бракот што може да ви ја уништат вашата врска

Бракот секогаш подразбира еднаквост

Некои можеби ќе ви советуваат дека бракот бара целосна еднаквост. На пример, доколку чистите, вие би требало да си ги поделите домашните обврски. Поточно, тоа би значело дека секогаш треба да очекувате нешто за возврат за секој ваш збор или постапка. Во таквите бракови овој непишан договор е полн со гнев и незадоволство. Тогаш веќе не станува збор за безусловна љубов и поддршка, туку постојан натпревар и добивање поени. Секој од партнерите може да се соочува со различни предизвици и многу е важно во такви моменти да постои меѓусебно разбирање. Ова не значи дека би требало да правите сѐ за вашиот партнер, додека очекувате од него да прави сѐ за вас. Но, најважно е да зборувате отворено меѓу себе.

Откако ќе стапите во брак, сексот ќе престане

Се верува дека сексот се намалува како што минуваат годините во брак. Проблемот не е овој мит, туку верувањето дека е нормално партнерите да престанат да имаат секс или да бидат интимни. Со текот на времето вие станувате помудри, а бракот ви ја нуди најголемата можност за растење. Времето поминато со вашиот партнер, со некој на кој му верувате, ви помага да ги откриете своите најдлабоки желби. Тоа ви овозможува да доживеете нови начини на љубов, а ви дава основа да се соочите со многу животни предизвици. Па, кога страста полека ќе почне да исчезнува од вашиот кревет, не оставајте ги работите на случајноста. Доколку сакате да имате прекрасен секс, тогаш работете на тоа.

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар