Кратки совети за подобар живот

Кратки совети за подобар живот

Постојат секакви совети за подобар живот: добри, лоши, опширни, сложени, но најефикасни се оние најкратките што секој може да ги разбере и примени во секојдневието. Следниве кратки совети ќе ви го направат животот подобар, поквалитетен, подуховен, поисполнет и похуман. Прочитајте за што станува збор…

Кратки совети за подобар живот

1. Кажете нешто позитивно веднаш штом ќе се разбудите наутро.

2. Верувајте во чуда, но немојте да зависите од нив.

3. Никогаш не дозволувајте им на луѓето да ве малтретираат.

4. Немојте да работите за да го добиете туѓото одобрување, туку за да го заслужите.

5. Мислете. Верувајте. Сонувајте. Осмелете се.

6. Барајте почитување, а не популарност.

7. Барајте прилика во секоја неприлика.

8. Не заборавајте го роденденот на вашите родители.

9. Бидете среќни со она што го имате, додека работите за да го остварите она што го посакувате.

10. Прославувајте ги и најмалите победи.

11. Не заборавајте дека доволни се само неколку охрабрувачки зборови за некому да му го разубавите денот.

12. Секогаш кога ќе чуете сирена на брза помош, помолете се за таа личност.

13. Секогаш кога ќе чуете сирена на брза помош, сетете се колку сте среќни.

14. Не заборавајте дека минута бес уништува 60 секунди среќа.

15. Никогаш не се откажувајте од вашите соништа само затоа што ви треба многу време за да ги остварите.

16. Не заборавајте дека вредните работи заслужуваат да им се посвети повеќе време.

17. Не заборавајте дека несреќата, како и среќата, речиси никогаш не трае долго.

18. Навивајте за победата на вашата екипа, а не за поразот на противниците.

19. Прифаќајте ги и победите и поразите со иста страст.

20. Дознајте го името на вашиот прадедо и откријте со што се занимавал.

21. Секој ден уживајте во нешто.

22. Дајте им го далечинскиот управувач на другите.

23. Запомнете дека вашата работа нема да ги натера другите луѓе да ве сакаат, бидејќи ваша работа е да ги сакате луѓето.

24. Запомнете дека единственото глупаво прашање е она што не сте се осмелиле да го поставите.

25. Борете се за принципите во кои верувате, дури и тогаш кога мора сами да се борите.

26. Запомнете дека сите имаме лоши денови.

27. Венчајте се со човек кој сака музика.

28. Ако сте сигурни дека ќе изгубите, направете го тоа со стил.

29. Работете посветено и напорно.

30. Живејте едноставно.

31. Мислете брзо.

32. Борете се праведно.

33. Давајте великодушно.

34. Смејте се гласно.

35. Верувајте искрено.

36. Сакајте длабоко.

Прочитајте ги и следниве 6 совети за подобар живот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар