15 чудни одлики на автентичните емпати

15 чудни одлики на автентичните емпати

Емпатите се сметаат за најчувствителните луѓе. Зборот емпат потекнува од грчките зборови „em“ кој значи „во“ и „pathos“ кој значи чувство. Значи, личноста која ги чувствува емоциите на другите е наречена емпат. На емпатите им се припишува способноста за разбирање на универзумот околу нив. Иако многумина тврдат дека се емпати, малку луѓе се автентични емпати. Во продолжение погледнете ги одликите кои им се заеднички на автентичните емпати.

15-chudni-odliki-na-avtentichnite-empati-kafepauza.mk

1. Тие се премногу чувствителни

Доминантна одлика на емпатите е нивната чувствителност. Тие не можат да гледаат кога некој страда. Тие го чувствуваат страдањето на другите како нивно. Во оваа ситуација, тие пробуваат да направат сè за да ја намалат болката.

2. Интуитивни се

Овие луѓе ги чувствуваат позитивните и негативните вибрации на другите. Додека разговараат со некого, тие може да ги откријат негативните намери дури и ако не кажат ништо за тоа. Емпатите лесно го препознаваат процесот на размислување кај другите.

3. Брзо се „трошат“

Бидејќи постојано се под влијание на туѓите емоции, емпатите многу брзо се истрошуваат. Тие секогаш се зафатени помагајќи им на другите, па нивната енергија се намалува. Исто така, негативната енергија може да го влоши нивното расположение. Ова не е добро за нивното физичко и психичко здравје. Емпатите му даваат повеќе на светот отколку што добиваат за возврат. На крајот на денот тие се чувствуваат целосно истоштени.

4. Ги чувствуваат физичките симптоми

Покрај психичките, емпатите ги чувствуваат и физичките проблеми кај другите. Тие може да ја преземат физичката болка од другите.

5. Ги впиваат емоциите на другите

Емпатите ги апсорбираат емоциите на другите луѓе, без разлика дали станува збор за болка, гнев или страв. Тие може да се чувствуваат исто како и луѓето околу нив.

(2)15-chudni-odliki-na-avtentichnite-empati-kafepauza.mk

6. Им помагаат и на пријатели и на странци

Ако сметаат дека некому му е потребна помош, емпатите не се двоумат. Може да станува збор за познаник или за целосен странец. Емпатите секогаш се обидуваат да им помогнат на другите без разлика на врската која ја имаат со нив.

7. Ја чувствуваат природата

Емпатите не се привлечени само од луѓето, туку и од животните и растенијата. Тие се чувствуваат лошо кога некој ја уништува природата или пак се однесува лошо кон некое животно. Емпатите се обидуваат да ги спречат повредите на живите суштества. Ако не можат да направат ништо во врска со ситуацијата, тие ќе ја напуштат сцената бидејќи не можат да ја поднесат болката.

8. Не толерираат насилство

Емпатите не можат да поднесат насилство, па дури и ако е на филм. Често ги затвораат очите на насилните сцени, а ако станува збор за книга може и да заплачат.

9. Ги чувствуваат лагите на другите

Не е лесно да излажете емпат. Тие лесно ги забележуваат лагите. Дури и ако не го покажат тоа, можно е емпатот да не ви верува ако сте го излажале.

10. Привлекуваат тажни луѓе

Тажни луѓе лесно можат да привлечат емпат. Грижливата природа на емпатите им ја олеснува болката на другите. Не само пријателите, туку и странците многу лесно ги споделуваат своите проблеми со емпатите.

(3)15-chudni-odliki-na-avtentichnite-empati-kafepauza.mk

11. Тешко им е да останат во гужва

Гужвите имаат лошо влијание на емпатите. Во овие ситуации има многу енергија од луѓето околу нив, па тие се збунуваат. Сите овие енергии ги „напаѓаат“ од разни насоки па се чувствуваат чудно.

12. Ја сакаат самотијата

На емпатите им е потребен простор за себе за да размислуваат за животот. Тие обожуваат да поминуваат време сами. Покрај размислувањето, ова време за нив им помага да се излечат.

13. Местото на живеење има влијание на нивната психа

Емпатот е под влијание на енергијата од неговото место на живот. Најчесто тие сакаат да живеат опкружени со природа каде што нема многу луѓе.

14. Ја чувствуваат енергијата на колективната свест

Емпатите можат да ја почувствуваат енергијата на колективната свест. На пример, тие може да се чувствуваат изморено во четврток дури и ако не работат. Може да ја чувствуваат радоста на Божиќ дури и ако минуваат низ тежок период.

15. Не се грижат за себе

Емпатите поминуваат премногу време грижејќи се за другите. Тие ретко обрнуваат внимание на своите потреби. Важно е за емпатите да разберат дека ако самите не се грижат за себе, никој нема да го направи тоа.

Ако се пронајдовте во некоја од карактеристиките, можеби и вие спаѓате во оваа група автентични емпати. Треба да знаете дека емпатите се луѓе со многу добра душа. Во ред е да им помагате на другите, сè додека знаете каде треба да ставите граница.

Дали имате слушнато за темната страна на емпатите која речиси никој не ја гледа?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар