Колку е тешко да ги остварите вашите соништа?

Кога мислите дека сте далеку од остварувањето на некоја ваша животна цел, како на пример наоѓање на добар партнер или работа од соништата, веројатноста е голема дека ќе бидете под стрес и ќе се чувствувате беспомошно. Потоа ќе помислите како вашите пријатели или членови на семејството го имаат сето тоа што вие го посакувате. Вашиот заклучок би бил дека животот не е фер, а вашата самодоверба ќе го достигне дното, бидејќи перцепцијата што ќе ја имате самите за себе е човек кој нема ништо и е осуден на неуспех.

Колку е тешко да ги остварите вашите соништа?

За жал, она што не го гледате е дека вашето мислење за себе и за вашата ситуација ни најмалку не е точно. Негативните мисли ве затвораат во негативен круг кој постојано го оптоварува вашиот мозок и не прекинува. Она што се случува е повторување на сите негативни шеми, а со тоа и минимизирање на вашата вредност како личности. Вие одбирате да се фокусирате на негативностите во вашиот живот, а да ги минимизирате сите позитивни аспекти. Па така одбирате да не бидете благодарни за сето она што го имате, да не се гордеете со сè она што сте го постигнале како и со тешките ситуации со кои успешно сте се справиле.

Кога се соочувате со фрустрација и притисок поради остварување на некоја цел, првичната реакција на мозокот е панични обиди да се најде решение на ситуацијата, бегање од проблемот или помирување со беспомошноста и немоќноста да се влијае. Токму такво справување со проблемите е она што треба да го избегнете.

Стремежот кон остварување на нашите соништа може да придонесе за многу стрес. Да, јасно е дека треба да имаме цели, да се стремиме кон нешто, да знаеме каде се движиме, но кога поставувањето цели почнува да влијае негативно на нас? Како да се справите со тешката ситуација, да ја вратите самодовербата, а со тоа да ги остварите вашите очекувања чувствувајќи се добро самите за себе?

Променете ги вашите очекувања

Животот не е филм во кој 20-и-нешто годишниците живеат во луксузни станови, имаат совршена врска, пари, полн гардаробер и работа од соништата. Нашите очекувања за самите себе најчесто се навистина големи и нереални, затоа не јадосувајте се бидејќи животот „по дефиниција“ не ни треба да биде совршен. Тоа што сте мајка, а немате совршена шминка и фризура 24/7, ниту пак можете лесно да врзете крај со крај од сите обврски што ги имате, не значи дека вашиот живот е тотален неуспех. Да, треба да бидете успешни и да се стремите кон големи работи, но не поставувајте си нереални очекувања. Дајте си простор за други опции.

Колку е тешко да ги остварите вашите соништа?

Променете го пристапот кон нештата

Една позната изрека вели дека дефиницијата за лудило е правење на истата работа пак и пак, очекувајќи различни резултати. Секако, постојат ситуации кога вреди да се обидувате и да бидете упорни. Всушност, упорноста е една од најдобрите човечки карактеристики. Но што се случува кога е јасно дека добивате негативен фидбек и дека си го трошите времето залудно? Тоа веќе не е упорност туку одење со главата во ѕид. Некогаш подобрата опција е да отстапите за момент, да размислите со ладна глава и да го промените методот, пристапот или пак целта.

Променете ги вашите цели


„Не е најсилен ниту најинтелигентен оној ќе преживее, туку оној кој успешно ќе излезе на крај со промените.“ – Чарлс Дарвин

Можеби стоите цврсто до идејата за она што би ве направило среќни, како на пример промена на работното место или основање на сопствена фирма. Но животот не можете прецизно да го планирате ниту пак би можеле да ги предвидите сите можни ситуации и препреки кои би ви излегле на патот. Со тек на време може да ви стане јасно дека цврстото држење до одредена цел само ве уназадува и бесцелно ви ја троши енергијата. Најтешко е прифаќањето на реалноста која ви вели дека вашата цел едноставно не е достижна во моментот.

Колку е тешко да ги остварите вашите соништа?


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

Остави коментар