Која е најлошата храна за консумирање пред спиење?

Стручњаците за исхрана и здравје составиле листа на продукти кои треба да избегнувате да ги консумирате во вечерните часови, поточно пред да си легнете, бидејќи тие можат да ви го нарушат сонот, но и да предизвикаат други здравствени проблеми, како зголемена телесна тежина и намален имунитет.

Која е најлошата храна за консумирање пред спиење?

Кафе

Дејството на попладневното кафе трае подолго отколку што мислите. Кофеинот се задржува во телото со часови, така што кафето во четири часот попладне не е добра идеја, доколку планирате порано да си легнете. Чајот исто така содржи кофеин, но билните чаеви можат да ви помогнат полесно да заспиете.

Чоколадо

Чоколадото е скриен извор на кофеин. Потемното чоколадо содржи повеќе кофеин поради поголемиот процент на какао. Газираните пијалаци со карамела, исто така можат да содржат кофеин.

Мрсна храна

Ваквата храна предизвикува оптоварување на системот за варење, па затоа луѓето во текот на денот се поспани и повеќе спијат. Тоа на крај може да доведе до зголемена телесна тежина, но и да го попречува ноќниот сон. Стручњаците ова го објаснуваат со лачењето на хормонот орексин, кој може да го попречи дејството на хормоните кои го регулираат сонот и апетитот.

Алкохол

Многу луѓе забележуваат дека после неколку чашки алкохол полесно заспиваат, но алкохолот ги прекинува длабоките фази на сонот кои се важни за помнењето и моторните вештини. На почетокот на вечерта може да поттикне длабок сон, но во втората половина може да предизвика зачестено будење, проследено со чудни соништа, поради што честопати се будиме ненаспани.

Бифтек

Додека спиеме нашиот организам не ја вари храната, па затоа оброк богат со протеини кои и онака долго се разложуваат, е убиство за нашиот сон. Доколку сакате да јадете месо за вечера, тогаш изберете мисиркино месо кое покрај протеини ја содржи и аминокиселината трипотофан, која предизвикува сонливост.

Зачинета храна

Зачинетата храна може да ја зголеми телесната температура, што го збунува нашиот мозок, бидејќи температурата опаѓа како се ближи времето за спиење.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар