Киропрактичарите предупредуваат: Немојте да спиете на вашата десна страна!

Проблемите со спиењето стануваат сѐ почести помеѓу луѓето. Ако не спиете добро, ќе се изложите на ризик од депресија, висок крвен притисок, зголемен стрес и вишок килограми. Експертите препорачуваат да спиеме 7-8 часа, но постојат и други фактори што треба да се земат предвид. Не е важно само колку време поминувате во кревет. Многу е важен и квалитетот на сонот.

Киропрактичарите предупредуваат: Немојте да спиете на вашата десна страна!

Еден од најважните фактори што придонесува за квалитетот на сонот е положбата на телото. Киропрактичарот Џон Дуилард советува дека квалитетот на вашиот сон значително ќе се подобри ако спиете на вашата лева страна. Тоа ќе ви помогне да си го подобрите здравјето и ќе го продолжи вашиот животен век. Постојат неколку причини зошто треба да спиете на вашата лева страна.

1. Ослободување од киселините

Ако имате чувствителен стомак и редовно имате киселини, треба да се обидете да спиете на вашата лева страна. Според експертите, тоа може да ви помогне да ги ублажите киселините.

2. Подобрено здравје на срцето

Спиењето на левата страна ќе ја подобри работата на вашето срце додека спиете.

3. Подобрена функција на лимфниот систем

Дали сте чуле за лимфно одводнување? Левата страна од телото е всушност вашата лимфна страна, така што спиењето на неа ќе ви помогне поефективно да ги отстраните вишокот вода, токсините и лимфната течност.

4. Намалено ’рчење

Многу луѓе имаат проблем со ’рчењето и тоа може да влијае на здравјето. Не само што го нарушува сонот на партнерот, туку и може да се одрази негативно на срцето на човекот кој ’рчи. Спиењето на левата страна им помага на луѓето кои страдаат од ноќна апнеа.

Прочитајте и ги следниве 8 совети за подобар сон.


За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар