8 совети за подобар сон

Автор: Теодора Трповска

Ги направивте сите познати работи – не пиевте кафе после 20 часот, го изгасивте светлото во собата, го наместивте вашиот удобен кревет, не гледавте хорор филм вечерва. Се прашувате зошто се вртите во креветот и сѐ уште не можете да заспиете? – Затоа што има неколку навики кои ги правите секојдневно, а не сте свесни дека тие ви го саботираат сонот и влијаат на него.
.

1. Легнете веднаш штом ќе почувствувате замор

Кога ќе почувствувате дека очите пополека ви се затвораат, верувајте дека тоа е првиот и најважен знак дека сте подготвени за во кревет. Престанете со читање, учење, работа на компјутер и веднаш препуштете му се на сонот. Не е баш пријатно ако наредниот ден на работа очите ви се затвораат, нели? Хроничната ненаспаност предизвикува  дијабетис, депресија, проблеми со срцето, па дури и прекумерна тежина.

8 совети за подобар сон

2. Кафе и чај до 16 часот

Кафето и чајот не се добри пријатели со сонот, особено ако се пијат попладне. Затоа, избегнувајте кафе и чај по 16 часот. Дотогаш пијте квалитетно јако кафе и ароматичен чај за да ве расонуваат. Тука, секако, влегуваат и енергетските пијалаци кои треба да престанете да ги пиете по 14 часот, ако сакате мирен и лесен сон.

8 совети за подобар сон

3. Одбегнувајте обилни и тешки оброци

Полниот стомак му пречи на сонот. Не се прејадувајте пред да легнете да спиете. Еве што може да јадете пред да си легнете: паста со зеленчук, пица со зеленчук и печурки, динстани пилешки гради со доматен сос и пармезан. Од оброкот што ќе го изедете пред спиење треба да барате тој да биде комбинација од протеини и триптофан, аминокиселина која му помага на телото да се опушти и да настапи сонот.

8 совети за подобар сон

4. Пијте вино, ама порано

Алкохолот го намалува интензитетот на длабокиот сон и предизвикува почести будења во текот на спиењето. Ако сакате да се напиете чаша вино, направете го тоа за време на ручекот, попладне околу 18 часот.

8 совети за подобар сон

5. Топла бања, ама порано

Изненадувачки, топлата бања може да го отежни сонот. Сѐ што правите, а ја подига вашата телесна температура пред спиење, речиси и да го оневозможува лесното заспивање. На телото му треба нормална телесна температура и кога таа ќе се воспостави, ќе почне да ви се приспива.

8 совети за подобар сон

6. Јога пред спиење

Ако практикувате лесни јога вежби пред спиење, ќе ви се опушти мозокот, ќе ви се урамнотежи дишењето и ќе ви се опуштат мускулите. Така, срцето ќе чука урамнотежено и вие ќе бидете опуштени.

8 совети за подобар сон

7. Создадете атмосфера за спиење

Темна спална е идеална за добар сон. Не вклучувајте додатни мали светла додека да заспиете. Ако сакате да читате пред спиење, правете го тоа на не многу силна светилка.

8 совети за подобар сон

8. Без лаптоп, ајпод и мобилни телефони во кревет

Сакате да пратите брз имејл или да напишете статус на Фејсбук? Тоа само ќе го дефокусира вашето внимание. Ќе ви стигне повратна порака назад на која ќе сакате да одговорите и така цела вечер. Исклучете ги мобилните на познатото Zzz, никако на вибрации.

8 совети за подобар сон

И конечно, легнете и опуштете се. Сонот е многу важен за вашето здравје и правилно функционирање на целиот организам.

8 совети за подобар сон

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар