Како да ја подобрите вашата меморија?

Често заборавате каде ги оставате нештата? Или пак, можеби сте од оние личности кои секогаш ги забораваат имињата на луѓето со кои се запознале и само на кратко разговарале?

Како да ја подобрите вашата меморија

Меморијата е нешто многу моќно. Некои луѓе се сеќаваат на целосните имиња на нивните пријатели од детството, додека пак други не можат да се сетат ни каде ја паркирале својата кола пред 10-тина минути. Кога сте во ситуација во која заборавате информации кои би требало многу лесно да ги помните, тоа ја намалува вашата самодоверба и ви прави да се чувствувате како да го губите умот. За да го промените тоа, погледнете ги наредниве 7 начини со кои можете брзо и лесно да ја подобрите вашата меморија:

1. Намалете со консумирањето на алкохол – Алкохолот има свој посебен начин на кој ве тера да заборавате на нештата. Во зависност од количината која сте ја испиле претходната вечер, вашето сеќавање варира од малку „матно“ до целосна темнина. И секако денот после бурната ноќ, вашиот мозок се обидува да се врати во нормала и со тоа може да влијае при помнењето на некои едноставни и секојдневни нешта како на пример, каде сте ги оставиле клучевите или дали сте ја заклучиле вратата.

Како да ја подобрите вашата меморија

2. Справете се со стресот – Кога сте изложени на многу стрес, можете да забележите дека вашите мисли се насекаде освен во она што го правите во моментот. Тоа може да биде голем проблем при завршувањето на секојдневните обврски. Во овие ситуации најдобро е доколку излезете малку на воздух. Прошетајте во парк или пак, јавете се кај вашите пријатели. Една кратка прошетка или разговор со пријател/ка е доволно да ве опушти и со тоа да ја подобри вашата меморија.

3. Вежбајте – Истражувањата секојдневно ни покажуваат дека постои силна врска помеѓу физичкото и менталното здравје. Колку е посилно вашето тело, толку е посилен вашиот ум. Ова е доказ дека сепак постои вистина во изреката во здраво тело, здрав дух. Пробајте да најдете време неколку пати во неделата барем за кардио вежби. Ќе се изненадите колку вежбањето може да го подобри вашето помнење.

Како да ја подобрите вашата меморија

4. Користете асоцијации – Вашиот мозок секојдневно е бомбардиран со информации. Преку телевизијата, радиото и интернетот вие учите премногу нешта кои најчесто се непотребни. Но, бидејќи не можете да запомните сè, вашиот мозок ги одбира и ги отфрла оние информации кои смета дека се неважни. Токму поради тоа, доколку сакате нешто да запомните, мора да му докажете на вашиот мозок дека ви е потребно. Најлесниот начин за да го постигнете ова е доколку направите асоцијација со нешто што сметате дека нема никогаш да го заборавите.

5. Откажете се од мултитаскинг – Една од најголемите причини поради која луѓето забораваат е бидејќи не се доволно сконцентрирани на она што се случува во моментот. Како очекувате да запомните што ви кажал колегата да направите, доколку истовремено сте го читале и новиот мејл? Обидете се да ги завршувате работите една по една, така што целото ваше внимание ќе го насочите на она што моментално се случува за да може вашиот мозок подобро да ги обработи новите информации.

Како да ја подобрите вашата меморија

6. Групирајте ги нештата – Помнењето на броеви знае да биде многу тешко. Токму поради тоа, делењето на овие броеви во групи може да ви помогне при нивното запомнување. Многу е полесно да се сетите на неколку секвенци отколку на цел број.

7. Оставајте си потсетници – Ако ништо друго не помага, тогаш сè што ви преостанува се потсетниците. Научете да ги запишувате сите информации кои треба да ги запомните. На тој начин вие не ги запишувате тие информации само на лист хартија, туку тоа го правите и во вашиот ум.

Како да ја подобрите вашата меморија

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар