Гените го одредуваат карактерот, не околината во која растеме

Гените играат поголема улога во детерминирање на клучните делови од карактерот, како социјалните способности и способноста за учење отколку воспитувањето од нашите родители – велат истражувачите. Природата е „виновна“ за вашиот карактер, воспитувањето скоро и нема никаква улога, карактерот е нешто со што сите ние се раѓаме… Добиените резултати се сосема спротивно од она што досега се верувало помеѓу психолозите, дека околината во која растеме игра поголема улога од генетиката во обликување на нашиот карактер.
Гените го одредуваат карактерот, не околината во која растемеИстражувачите од Универзитетот Единбург кои ја спровеле оваа студија на повеќе од 800 еднојајчани и двојајчани близнаци за да ги откријат ефектите на гените, сакале да дознаат дали тие имаат некаква улога во успешноста на луѓето во животот. Близнаците се многу корисни во ваков вид студии, бидејќи покрај тоа што растат во иста околина, тие исто така и ги делат истите гени.

На учесниците во истражувањето им биле поставувани одредени прашања: „Како се перцепирате себеси и луѓето околу вас?“, „Дали лесно потпаѓате под влијание на луѓе со цврсти ставови?“ Потоа нивните одговори биле проучувани според добро познати психолошки скали, дизајнирани за детектирање на различни видови психолошки црти кај секоја личност посебно.Гените го одредуваат карактерот, не околината во која растемеИстражувачите откриле дека еднојајчаните близнаци имале два пати повеќе шанси за делење на истите психолошки црти и карактеристики, отколку двојајчаните – што укажува дека нивната ДНК го има „последниот збор“ во оваа дебата. Генетиката се покажала како највлијателна за самоконтролата, социјалните способности, способностите за учење, како и за решителноста. Професорот Тимоти Бејтс, кој ја водел оваа студија вели:


„Претходно, улогата на фамилијата и околината околу домот честопати доминираше кај размислувањата на луѓето за што влијае врз психолошката благосостојба. Но, оваа студија покажа многу помоќно влијание од страна на генетиката.“



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

  1. Baron Reply

    Секој ден излегуваат различни студии од разни „бели палта“ кои очигледно се препукуваат меѓусебно. Се’ има влијание врз карактерот на поединец, и гените и околината.

  2. kalumababy Reply

    golemo vlijanie ima i okolinata

Остави коментар