Фризура за излегување после враќање од плажа

Кога сме на одмор сакаме да го искористиме максимално времето за целосно уживање. Тоа подразбира долго седење на плажа, слатки подготовки за вечерно излегување и забавување до раните утрински часови. Со оваа фризура ќе изгледате впечатливо, а ќе ја направите за околу 5 минути.Фризура за излегување после враќање од плажаПотребни работи:

  • Лак за коса
  • Мус или друг препарат за волумен
  • Спреј за сјај или кондиционер за после миење
  • Сув шампон
  • Чешел, шнолички за прицврстување и штипки

1. Најпрво на косата нанесете комбинација од продукти за волумен и за сјај, при што за летниот период препаратите задолжително треба да имаат и заштитно својство при изложеност на сонце. Не ставајте премногу од препаратите доколку косата ви е добра, а ставете повеќе ако имате густа или природно виткана коса. Откако ќе ги нанесете продуктите, исушете ја природно или туткајте ја додека ја сушите со фен, но со најслаб интензитет или пак употребете дифузер.Фризура за излегување после враќање од плажа2. Почнете со издвојување на длабок страничен дел од едната страна.Фризура за излегување после враќање од плажа3. Издвојте го остатокот од косата кој треба да почнува од круната до зад увото. Фатете го страничниот дел од косата и тргнете го настрана со штипка.Фризура за излегување после враќање од плажа4. Задниот дел подигнете го во високо опавче. Извлечете ја целата коса и зацврстете го ластичето.Фризура за излегување после враќање од плажа5. Ослободете го страничниот дел од косата и направете лабава, неуредна француска плетенка. Насочувајте ја кон задниот дел од увото и сплетете ја докрај.Фризура за излегување после враќање од плажаФризура за излегување после враќање од плажа6. Со прстите подигнете ја плетенката на врвот на главата и прицврстете ја со шнолички. Ова ќе ѝ даде поопуштен изглед и повеќе волумен.Фризура за излегување после враќање од плажа7. Прицврстете ја средината од плетенката за главата. Потоа нанесете сув шампон на остатокот од косата фатен во опавче и истапирајте го.Фризура за излегување после враќање од плажа8. Замотајте ја косата од опавчето околу основата и пикнете ги врвовите под пунџата прицврстувајќи ги со шноли.Фризура за излегување после враќање од плажаФризура за излегување после враќање од плажа9. Замотајте ја плетенката околу основата на пунџата и прицврстете ја.Фризура за излегување после враќање од плажа10. Завршете ја фризурата нанесувајќи лак за коса и поправајќи ја пунџата со прстите додека да добие совршен изглед.Фризура за излегување после враќање од плажа


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар