Фризура 2 во 1: Превртена француска плетенка подигната во пунџа

Ова е едноставна фризура која е одлична за летниот период. Ќе ви ја држи косата прибрана, додека истовремено ќе делувате многу стилски, па дури и елегантно.

Фризура 2 во 1: Превртена француска плетенка подигната во пунџа

Сигурно ви е здодеано од класичното опавче и хаотичните пунџи. Ова е одличен начин да ги комбинирате двете најпопуларни летни фризури во една – француската плетенка и балеринската пунџа.

За да ја направите фризурата може да ви треба помош од пријателка која знае да плете француски плетенки, но ако и самите сте искусни во ова, би можеле да ја направите и сами.

Фризура 2 во 1: Превртена француска плетенка подигната во пунџа

Потребни алатки:
  • Четка
  • Стегачи
  • Шноли за прицврстување
  • Сунѓер за пунџи, пена и лак за коса (опционално)

Совет: Полесно е да се работи на коса која не е тазе миена.

Фризура 2 во 1: Превртена француска плетенка подигната во пунџа

Чекор 1: Убаво исчешлајте ја косата за да не ви останат заплеткани делови. Потоа нанесете од пената за коса.

Чекор 2: Поделете ја косата така што ќе фатите од левото уво преку круната на главата до десното уво. Фатете го горниот дел со штипка, што ќе ви го олесни плетењето на долниот дел.

Чекор 3: Превртете ја главата наопаку и повторно нежно исчешлајте го долниот дел од косата. Почнете да ја плетете плетенката од вратот сè до круната на главата. Врзете ја плетенката со ластиче, а останатиот дел оставете го слободен во опавче.

Чекор 4: Тргнете ја штипката од горниот дел од косата. Поврзете ги горниот дел и опавчето од плетенката и прицврстете ги со стегач формирајќи високо опавче.

Чекор 5: Сега треба да ја направите пунџата. За ова може да користите сунѓерче за пунџи (во форма на ѓеврече). Ставете го врз опавчето, распоредете ја косата околу него и потоа пикнете ја косата под сунѓерчето прицврстувајќи ја со шноли.

Можете да ја направите и без сунѓерче. Подигнете ја малку косата и замотајте ја околу ластичето. Или пак, исплетете ја и потоа замотајте ја околу ластичето.  На крајот повторно прицврстете со шноли.

Чекор 6: Нанесете лак за коса на четката и измазнете ја фризурата.

Убавината на оваа фризура е во тоа што е несекојдневна, практична и елегантна. Можете да ја носите на плажа, за излегување навечер или за во канцеларија. Можете да ја носите сосема измазнета за поелегантен изглед или пак со неколку извадени тенки праменчиња за позабавен, опуштен изглед. Кој и да е вашиот избор нема да погрешите. Секогаш ќе бидете забележани.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар