Енергетски штангли со многу јаткасти плодови

Вкусна закуска за многу енергија…

Енергетски штангли со многу јаткасти плодови

Потребни состојки:

  • 200 г непечени бадеми
  • 90 г непечени ореви
  • 90 г непечени бразилски ореви
  • 100 г малку засолени кикирики
  • 10 г експандиран ориз
  • 1 лажичка мелено ленено семе
  • 170 г мед
  • 1 лажичка ванила во прав
  • 5 лажици сируп од кафеав ориз
  • ¼ лажичка сол
  • спреј за готвење

Начин на подготовка:

1. Рерната загрејте ја на 180 степени Целзиусови. Во една тава распоредете ги бадемите, оревите и бразилските ореви и печете ги 10 минути.

2. Додека се печат јаткастите плодови, земете една тава и напрскајте ја со спреј за готвење. Одозгора постелете хартија за печење и повторно испрскајте со спрејот. Тавата тргнете ја настрана.

3. Откако јаткастите плодови ќе се испечат и малку оладат, додадете ги и кикириките и грубо исечкајте ги. Ставете ги во еден сад и додадете го експандираниот ориз и меленото ленено семе. Убаво измешајте ги.

4. Медот, сирупот од кафеав ориз и солта ставете ги во тавче за пржење. Пуштете ја ринглата на средна топлина, а во тавчето ставете термометар за готвење. Мешајте убаво, а кога температурата на смесата ќе достигне 130 степени Целзиусови тргнете го тавчето од оган. Откако ќе го тргнете тавчето од оган додадете ја ванилата и убаво измешајте ја.

5. Во топлата смеса од медот и сирупот исипете ги јаткастите плодови и убаво измешајте.

6. Смесата истурете ја во претходно подготвеното тавче и убаво израмнете ја. Намрсете ги рацете или дното на друго тавче и убаво притиснете врз смесата.

Енергетски штангли со многу јаткасти плодови

7. Оставете ја смесата да се лади 2 часа. Потоа превртете ја тавата на работната маса и извадете ја стврднатата смеса. Отстранете ја хартијата за печење. Исечете 20 штангли.

Енергетски штангли со многу јаткасти плодови

8. Наредете ги во кутија раздвојувајќи ги редовите со хартија за печење или завиткајте ги сите посебно. Чувајте ги на собна температура околу една недела или во фрижидер доколку сакате да ги консумирате подолго.

Енергетски штангли со многу јаткасти плодови Енергетски штангли со многу јаткасти плодови


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар