Домашен шампон против опаѓање на косата

Од губење на косата патат и мажите и жените, а причините може да се различни, од стрес, лекарства и недостаток на минерали, до болести и начин на исхрана. Добра вест е што против прекумерното опаѓање на косата можете да се изборите сами и тоа по природен пат. Направете домашен шампон базиран на еден куп лековити билки, кој лесно можете да го подготвите дома.

close-up of a man checking his hair in the mirror

Потребни состојки:
  • 2 чаши дестилирана вода
  • Шампонска база
  • Чај од рузмарин (ѝ дава сјај на косата, ги јакне фоликулите и го поттикнува растот)
  • Чај од жалфија (силен антиоксиданс со антибактериско својство)
  • Чај од коприва (го јакне коренот и го стимулира растот на косата)
  • Чај од лаванда (го спречува мрсењето на косата и иритацијата на темето)
  • 2000 мг МСМ (метилсулфонилметан) во прав
  • 1 стаклена тегличка
  • 1 пластично шише од 3 дл
Начин на подготовка:
  1. Во стаклениот сад измешајте ги сувите билки.
  2. Загрејте ја дестилираната вода до вриење, потоа тргнете ја од оган и во неа додадете 3 лажици од билната мешавина, поклопете и оставете така да седи 30-40 минути.
  3. После половина час во чајот додадете МСМ и оставете уште 10 минути додека не се растопи, па потоа процедете во друг сад.
  4. Во шишето ставете 1 дл чај, па додадете 1,5 дл шампонска база. Шишето затворете го и добро протресете додека сите состојки не се поврзат.
Напомени:
  • Шампонска  база и МСМ се продава во билни аптеки.
  • Измешаните билки можете да ги затворите во тегличката и да ги зачувате за следниот пат.
  • МСМ содржи сулфур кој го подобрува растот и квалитетот на косата и ноктите, го храни коренот со кислород и хранливи материи и ја негува и обновува кожата. Но шампонот може да се направи и без него.
За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар