Чувствувајте се удобно во сопственото тело

Чувствувајте се удобно во сопственото тело

Сигурно сакате да имате убаво тело и да се чувствувате удобно во сопствената кожа. Еве неколку начини на кои можете да влијаете на намалувањето на тежината и постепено да дојдете до посакуваната фигура.

Чувствувајте се удобно во сопственото тело

Пијте повеќе вода

Престанете со пиењето газирани сокови, доколку сакате рамен стомак. Не внесувајте токсини во телото и наместо тоа одлучете се за чаша вода. Ќе забележите значителни подобрувања ако газираните пијалаци ги замените со вода.

Вежбајте

Погледнете се во огледало и стегнете ги мускулите на стомакот, рацете, задникот. Така ќе видите како би можеле да изгледате кога навистина ќе се зацврстите и тоа ќе ви даде мотив за повеќе вежбање и здрава исхрана.

Јадете повеќе зелен зеленчук

Јадете повеќе зелен зеленчук за да внесувате повеќе растителни влакна, витамини и хранливи материи. Консумирајте го со главните оброци или како ужина. Ова е уште еден добар начин за намалување на тежината, доколку е пропратено со соодветно вежбање во текот на неделата.

Консумирајте протеини

Протеините помагаат во обновувањето на мускулните влакна, кои се кинат како последица на вежбањето. Тие исто така и го зауздуваат апетитот. Во исхраната направете место за јајца, риба, пилешко доколку сакате поголема мускулна маса.

Чувствувајте се удобно во сопственото тело

Бидете горди на своето тело

Можеби посакувате да имате подолги нозе, потенок струк или помалку облини. Нешто од ова може да го смените со вежбање, додека некои работи се сепак наследни. Но, не смеете да очајувате. Прифатете се онакви какви што сте. Бидете горди на своето тело и потрудете се да го доведете до најубаво можно издание.

Намалете со млечните производи

Сирењето и кашкавалот се многу вкусни, но и многу богати со масти и калории. Во ред е да консумирате умерени количини, но доколку сакате да се чувствувате убаво во сопственото тело, намалете со внесувањето на млечни производи.

Не јадете многу пред спиење

Многу луѓе се здебелуваат токму поради тоа што најголемиот оброк го оставаат за крајот на денот. Затоа, наместо тоа, кога ќе почувствувате глад навечер земете кисело млеко или зеленчук. Ќе заспиете лесно и ќе се разбудите лесни и полетни. Уште еден лесен начин како да почнете да се чувствувате удобно во сопствената кожа.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран преведувач и толкувач. Непоправлив перфекционист. Љубопитна, интуитивна и насмеана. Ја сака уметноста и културниот живот. Идеалист. Верува во астрологија, убаво утринско кафе и позитивно размислување.

Поврзани содржини

Остави коментар