9 причини зошто сексот е подобар кога сте заљубени

Иако постои неопислива возбуда при првиот однос со личност со која сè уште се запознавате, сепак сексот со вашите долгогодишни партнери може да биде многу подобар и повеќе да ве исполнува. Без разлика дали станува збор за одредени пози или пак, за нештата што (не) ги сакате, вие и вашиот партнер бескрајно уживате во односот – многу повеќе кога сте заљубени еден во друг, отколку кога емоциите се исклучени и доминира само физичката привлечност. Еве зошто…

9 причини зошто сексот е подобар кога сте заљубени

1. Кучешката поза воопшто не е непријатна

Тој не се обидува да не ве гледа во очи, баш напротив, токму во нив се заљубил, но знае дека оваа поза претставува уживање и за двајцата, како и нешто во што можете целосно да се опуштите без да се плашите дека ќе бидете осудувани затоа што сте го побарале.

2. Контактот со очи го зајакнува доживувањето

Погледот за време на мисионерската поза во ниту еден момент нема да пробуди непријатно чувство во вас. Баш напротив, тој само дополнително ќе го зголеми вашето уживање и ќе стане синоним за романса.

3. Точно знаете што сакате

Вие толку детално сте ги истражиле вашите тела, што точно знаете што сакате, а што не. Сте поминале долги часови во разговори за вашите најинтимни желби и посакувања и ниту еден од вас не се срами да признае што го задоволува меѓу чаршафите.

4. Експериментирањето може да биде многу забавно

Вие толку добро се познавате и се чувствувате удобно еден покрај друг, што дури и да не успеете во некој обид да пробате нешто ново, нема да се засрамите. Баш напротив, тоа може да биде тема на долгогодишни шеги во блиска иднина.

5. Секогаш имате можност за брз секс

Бидејќи не се грижите за фактот дали тој или таа ќе ви се јави следниот ден, а во моментот не сте расположени за долги галења и страсни бакнежи, воопшто нема да се двоумите набрзина да завршите со односот ако така доживеете поголемо задоволство.

6. Несигурноста целосно исчезнува

Не постои човек, без разлика дали е маж или жена, што не ја искусил почетната несигурност. Во главата ви се вртат безброј прашања како „Дали ќе му/ѝ се допадне моето тело?“ или пак, „Дали сум доволно секси?“ За среќа, тоа чувство сега воопшто не постои.

7. Предигра

Како што веќе спомнавме погоре, тој или таа толку добро ве познаваат, што доволно е да ви шепнат неколку магични зборови за да ја прескокнете предиграта и да преминете директно на односот. Или пак, предиграта може да се претвори во главното дејство – зависи само од вас!

8. Исполнување на сексуалните фантазии

Од играње улоги, до секси играчки – вие сте пробале сè за што некогаш сте фантазирале и потоа сте ја избрале совршената комбинација што и на двајцата ви одговара. Но, тоа не значи дека сте влегле во рутина, баш напротив, доволен е само еден секси сон за да ви даде идеја за нешто ново.

9. Никогаш не би побарал/а од вас нешто што не сакате

Не сте сигурни за некоја поза или пак, не сакате да водите љубов на одреден начин? Нема проблем. Тие нема да ве тераат на ништо што прави да се чувствувате непријатно или лошо. Целта на сексот е уживање, па затоа потребно е и двете страни да чувствуваат задоволство.


За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар